Ниту пандемијата беше лажна, ниту вакцините експериментални
Теоретичарите на заговор кои тврдат дека пандемијата била лажна и дека намерно се креирала некаква ковид хистерија, постојано го ширеа наративот за некаков план да се затворат граѓаните, да им се одземат слободите, да се контролираат, да се намали популацијата, но и да се измамат за да веруваат во „непостоечка пандемија“.
Теоретичарите на заговор кои тврдат дека пандемијата била лажна и дека намерно се креирала некаква ковид хистерија, постојано го ширеа наративот за некаков план да се затворат граѓаните, да им се одземат слободите, да се контролираат, да се намали популацијата, но и да се измамат за да веруваат во „непостоечка пандемија“. Антиваксерите, пак, упорно тврдат и ден денес дека вакцините против ковид-19 биле измислени за да се спроведе геноцид врз човештвото. Токму и објавата што ја анализираме ја шири оваа теорија на заговор
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која споделува фотографија од д-р Никола Пановски и вели:
Не им е забораено на монструмите….
– Кривично дело е и креирање КОВИД ХИСТЕРИЈА од монструмов во бел мантил.
– Кривично дело е и ИНЈЕКТИРАЊЕ НА ЗДРАВИ ЛУЃЕ , ДЕЦА, БРЕМЕНИ ЖЕНИ со опасна , не тестирања штетна течност наречена вакцина, промовирања од монструмов.
Не им е забораено на монструмите….
Не е првпат на социјалните мрежи да се шири теорија на заговор дека пандемијата на ковид-19 била лажна, дека вакцините против ковид биле експериментални и непроверени и јавно се линчуваат и докторите кои јавно апелираа да се спроведува ковид имунизацијата и општо задолжителната вакцинација. Овие доктори се жигосуваат дека се „убијци во бели мантили“, „платеници на фармакомафијата“ и дека „ќе им се суди за геноцид“.
Теоретичарите на заговор кои тврдат дека пандемијата била лажна и дека намерно се креирала некаква ковид хистерија, постојано го ширеа наративот за некаков план да се затворат граѓаните, да им се одземат слободите, да се контролираат, да се намали популацијата, но и да се измамат за да веруваат во „непостоечка пандемија“. Антиваксерите, пак, упорно тврдат и ден денес дека вакцините против ковид-19 биле измислени за да се спроведе геноцид на човештвото. Токму и објавата што ја анализираме ја шири оваа теорија на заговор.
Вистиномер досега во многу наврати има пишувано дека пандемијата и коронавирусот не беа измислени, туку реални. Рецензиравме голем број објави на социјалните мрежи кои пишуваа дека коронавирусот и пандемијата се измислени. За оваа теорија на заговор, за којашто нема никакви докази, не постојат ниту научни студии кои го потврдуваат тоа. Напротив, овој вирус во светски размери и во нашата земја, одзема многу животи и го промени начинот на функционирање во сите општествени сегменти.
Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година. Со оглед на брзиот раст на бројот на заразени и на починати во многу држави, СЗО на 11 март 2020 година прогласи пандемија.
Според Светската здравствена организација (СЗО) во С. Македонија, од 3 јануари 2020 година до 2 март 2025 година, до СЗО биле пријавени 352.093 потврдени случаи на ковид-19.
На глобално ниво, до 26 октомври 2025 година во СЗО се пријавени 778.900.250 потврдени случаи на ковид-19.
Сите овие бројки не се само статистика, туку вистински луѓе. Неможно е да се манипулира со толкав број на заразени доколку ковид-19 не постоеше. Ширењето на вакви теории базирани на немедицински пристап, претставуваат опасност и се штетни за јавното здравје.
Вистиномер веќе пишуваше дека вакцината на „Фајзер“ има трајно одобрение за употреба, коешто важи неограничено време, односно засекогаш. Добивањето на таквото одобрение за употреба не ги поколеба антивакциналните кругови да продолжат да се расфрлаат со термините ,,експериментална” вакцина за да му наштетат на процесот на имунизација.
Од август 2021 година, вакцината на „Фајзер“ повеќе нема дозвола за употреба во итна состојба, како што имаше дотогаш, туку стана првата вакцина во светот, која доби целосна дозвола за употреба од Американската агенција за храна и лекови.
Вакцината на „Фајзер“ е целосно одобрена за користење кај повозрасни од 16 години. Американската агенција за храна и лекови во својот извештај за трајното одобрение што го доби Фајзер, вклучи податоци од испитувања врз 44 илјади луѓе. Според овој извештај, вакцината наречена „комирнати“ е 91 процент ефективна во превенција на болеста ковид-19.
Комесарот на Американската агенција за храна и лекови, Џенет Вудкок, рече дека јавноста може да е исклучително сигурна дека вакцината ги исполнува највисоките стандарди на безбедност, ефективност и високи стандарди во начинот на нејзиното производство.
И кога имаше дозвола само за итна употреба, вакцината на „Фајзер“ не беше неиспитана! Напротив, дозволата за итна употреба беше издадена врз основа на клинички тестирања, кои покажаа дека е 94 проценти ефикасна кај повозрасните од 56 години, 95 проценти ефективна кај луѓето со барем еден коморбидитет, кој ги прави поподложни да развијат тешка клиничка слика од ковид-19 и е 96 проценти ефективна кај лица со висока телесна тежина, состојба што прави да се поподложни на последиците од ковид-19. А, документот кој го покажува тоа погледнете го на овој линк.
Во првата фаза, вакцината на „Фајзер“ беше дадена кај мал број здрави луѓе и постепено се зголемуваше дозата за да се осигури дека е добро толерирана. Првата фаза определи колкава треба да е идеалната доза. Втората фаза од клиничките студии на фајзеровата вакцина вклучи повеќе волонтери со различни здравствени состојби, не само тие што се целосно здрави. Во оваа фаза резултатите од вакцината беа споредени со резултатите од плацебото.
Не се појавија проблеми, па клиничкото тестирање премина на фаза три. Илјадници волонтери, случајно избрани, во оваа фаза примија или вакцина или плацебо. Оваа фаза им помогна на истражувачите на Фајзер да го измерат ефектот на вакцината.
Дополнително, за да добие дозвола за употреба во итна состојба, вакцината мора да биде тестирана кај над 3 илјади испитаници и барем половината од нив да се следат повеќе од 2 месеци после втората доза.
ЕМА (Европска агенција за лекови) ги има одобрено вакцините на „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џенсен“, како што може да се види од официјалната страница на ЕМА.
Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека објавата што ја анализираме е невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар