Ниту сандалите на кандидатот, а ниту клеветите за „нацист“ не се од јавен интерес
Пишува: Ардит Рамадани
Рецензираните вести, прикажуваат разни навреди и обиди за омаловажување на пратеници на една политичка партија.
Написите се напишани на ист ден и се однесуваат на истиот настан. Се работи за еден настан во парк организиран од партијата „Алтернатива“. Во првиот напис, авторот се позанимавал со облеката на кандидатот за пратеник во шестата изборна единица, Хисни Исмаили, повикувајќи се на „Кодексот на облекување“ кој реално не постои, барем не за дружење и пикник во парк со сопартијците.
„Kaндидатот на Алтернатива со „сандали“ сака да стане пратеник“ е насловот на овој напис.
Во написот има и доза на навреди за облеката на кандидатот за пратеник и отсуствува главниот елемент кој треба да го има една вест, јавниот интерес. Од друга страна пак, насловот е тенденциозен и сензационален.
Во Етичкиот Кодекс на новинарите пишува: „Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес.”
Втората рецензирана вест е објавена во временски интервал од само неколку часа разлика.
Вториот напис има наслов „Алтернатива со нацистички поздрав како Хитлер”.
Во овој напис се нарекуваат присутните ,,нацисти” како Хитлер“.
Јасно е дека и оваа информација содржи неколку видови манипулации. Една од нив е и лажната аналогија која ја создал авторот, што подразбира „тенденција да се направи врска меѓу две неповрзани работи, и потоа таа иста аналогија да се употреби за да се дојде до една претпоставка.”
Во конкретниот случај авторот се обидел поздравот на коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива, поздравот со пет прсти кои го претставуваат нивниот реден број во овој избирачки процес, да го поистовети со поздравот на Адолф Хитлер.
Според Етичкиот Кодекс на новинарите, известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
Освен тоа, бидејќи овие вести не содржат никаква информација, може да се сметаат како коментари на самиот автор, за што во Етичкиот Кодекс на новинарите стои:
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар