Ниту Западот, ниту „повампирени нацисти“ го нападнале Путин

Фото: Принтскрин видео ФБ пост

Изнесеното во објавата дека „ѓаволот и злото од Западот го нападнале Путин со повампирените нацисти“, е невистинито. Наративот што укажува на директно напаѓање на Русија од страна на НАТО или земјите од НАТО, според Европската служба за надворешни работи , е „најчестиот“ наратив во пораките и тврдењата анализирани во неговиот прв извештај за манипулација со странски информации и закани за мешање (ФИМИ). Веќе подолг период се води пропаганда против Западот и НАТО и се сатанизира оваа организација без аргументи

Изнесеното во објавата дека „ѓаволот и злото од Западот го нападнале Путин со повампирените нацисти“, е невистинито. Наративот што укажува на директно напаѓање на Русија од страна на НАТО или земјите од НАТО, според Европската служба за надворешни работи , е „најчестиот“ наратив во пораките и тврдењата анализирани во неговиот прв извештај за манипулација со странски информации и закани за мешање (ФИМИ). Веќе подолг период се води пропаганда против Западот и НАТО и се сатанизира оваа организација без аргументи

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува старо видео во коешто претседателот на Русија, Владимир Путин раскажува анегдота. Во склоп на објавата пишува:

Една многу поучна и вистинита приказна која Путин ја раскажа пред 8 години, знаејќи дека Ѓаволот и Злото од Западот ќе го нападнат со повампирените нацисти!
Таткото, поранешен офицер, се вратил дома и го прашал својот син: „Сине каде е семејната сабја од ѕидот? Синот му одговара: Тато не се лути ама го заменив за овој скап часовник со детето на соседот! Дај да го видам каде е покажи ми, леле, навистина убав и скап часовник, браво синко, но да те прашам нешто ако непријателот ја нападне нашата земја, ме убие мене, ја убие мајка ти, твојата постара сестра ја силуваат, што ќе можеш да направиш? Ќе гледаш во часовникот и ќе му кажеш дека е 12:30 по Московско време на непријателот???

Изнесеното во објавата што ја рецензираме дека „ѓаволот и злото од Западот го нападнале Путин со повампирените нацисти“, е невистинито. Наративот што укажува на директно напаѓање на Русија од страна на НАТО или земјите од НАТО, според Европската служба за надворешни работи , е „најчестиот“ наратив во пораките и тврдењата анализирани во неговиот прв извештај за манипулација со странски информации и закани за мешање (ФИМИ). Ниту Путин ниту Русија се нападнати. Во објавата Западот се сатанизира, што исто така е една од бројните дезинформациски наративи кои се појавија од почетокот на воената инвазија што Русија ја спроведе врз Украина. Нелегалната агресивна војна на Русија против Украина го наруши мирот и стабилноста во Европа и сериозно ја поткопа глобалната безбедност.

Стратешкиот концепт на НАТО – усвоен во 2022 година, наведува дека Русија е најзначајната и директна закана за безбедноста на сојузниците и за мирот и стабилноста во евроатлантската област. Русија сака да воспостави сфери на влијание и да контролира други земји преку принуда, субверзија, агресија и анексија. Користи конвенционални, сајбер и хибридни средства – вклучително и дезинформации – против сојузниците и партнерите на НАТО, пишува на сајтот на НАТО.

НАТО ниту нејзините членки не се обидуваат да ја втурнат Европа во војна со Русија, ниту пак, на некој начин ја нападнале. Воената инвазија на Русија врз Украина се случи неиспровоцирано, без Русија да биде на кaков било начин нападната или таргетирана или загрозена.

Русија ја започна својата војна против Украина без да биде загрозена од Украина или која било друга земја во Европа. Незаконски го анектираше Крим во 2014 година и продолжи со заземање територии во Доњецк и Луганск. И во 2022 година, со целосната инвазија на Русија на Украина, започна најкрвавиот конфликт во Европа од Втората светска војна. Русија целеше на болниците, училиштата и трговските центри. Русија ја бомбардира цивилната енергетска и водна инфраструктура. Русија убива украински цивили. Украина има право и одговорност да го заштити својот народ. Самоодбраната е фундаментално право, кое е вградено во Повелбата на ОН . А НАТО има право да ја поддржи Украина додека се обидува да го поддржи нејзиното право на самоодбрана и да преовладува како суверена држава во Европа. Самоодбраната и поддршката на самоодбраната е во согласност со меѓународното право, наведуваат од НАТО.

Освен тоа што не е точно дека Русија била нападната од Западот, исто така во објавата невистинито се наведува дека била нападната и од „повампирени нацисти“. Наративот дека Русија врши „денацификација“ во Украина е пропаганда која ја презентираше самиот Путин, за да ја оправда воената инвазија врз Украина што ја почна сосема неиспровоцирано. Бројни историчари тврдат дека воената агресија во Украина не може да се доведува во корелација со никаква денацификација.

Путин го злоупотребува терминот денацификација. Денацификацијата се однесува на одреден момент во историјата во поствоената ера, а тоа што Путин го користи овој термин е пропаганда насочена кон неговите стравови од моменталната демократска влада во Украина. Има многу специфично историско значење на денацификацијата, што претставува процес кој се случил во Германија после Втората светска војна, вели Тимоти Снајдер, експерт за Украина и автор на ,,Патот кон неслобода Русија, Европа, Америка за Тајм Магазин.

Во објавата Западот се сатанизира, се поистоветува со „ѓаволот“ и се тврди дека „повампирени нацисти“ ја нападнале Русија. Веќе подолг период се води пропаганда против Западот и НАТО и се сатанизира оваа организација без аргументи.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција