„Нивеа“ не доделува ексклузивен сет за 181 денар

Објавата е споделена од профил кој на прв поглед делува како приватен, но истиот нема ниту пријатели, ниту следбеници и содржи две-три фотографии објавени истиот ден кога и објавата што е предмет на нашата анализа. Објавата води до посебна веб-страница чијшто пермалинк нема никаква врска со „Нивеа“ (https://esotericapress.com/). Очигледно е дека станува збор за измама, односно за лажна наградна игра која има за цел да дојде до вашите лични податоци и банкарска сметка

Објавата е споделена од профил кој на прв поглед делува како приватен, но истиот нема ниту пријатели, ниту следбеници и содржи две-три фотографии објавени истиот ден кога и објавата што е предмет на нашата анализа. Објавата води до посебна веб-страница чијшто пермалинк нема никаква врска со „Нивеа“ (https://esotericapress.com/). Очигледно е дека станува збор за измама, односно за лажна наградна игра која има за цел да дојде до вашите лични податоци и банкарска сметка

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Луѓе, Nivea сега подарува ексклузивен сет во замена за учество во кратка анкета. Ја видов оваа информација пред неколку дена во една група и решив да пробам. Треба само да одговорите на неколку едноставни прашања – тоа е дел од нивната анкета програма, ништо комплицирано. За возврат тие испраќаат кутија со ексклузивни производи од Nivea. И нема да поверувате: за само 3 дена ја добив пратката! Вистински голем сет со различни средства за лична нега. Искрено, бев многу пријатно изненадена. Затоа го споделувам ова со вас, додека акцијата сè уште трае. Побрзајте да искористите

Објавата е споделена од профил кој на прв поглед делува како приватен, но кога ќе го разгледате, ќе видите дека истиот нема ниту пријатели, ниту следбеници и содржи две-три фотографии објавени пред два дена, истиот ден од кога е и објавата што е предмет на нашата анализа.

Објавата води до посебна веб-страница чијшто пермалинк нема никаква врска со „Нивеа“ (https://esotericapress.com/). На Оваа веб-страница треба да пополните кратка анкета за да го добиете наводно подарокот.

Штом ќе одговорите на прашањата, ви се појавува картичка со наводниот подарок кој чини 181 денар.

За да го добиете подарокот треба да ги следите овие чекори:

Еве како да го добиете вашиот подарок Nivea:

  1. Внесете ја вашата адреса за достава.
  2. Извршете уплата од 181 MKD.
  3. Вашиот подарок Nivea ќе биде доставен во рок од 4 до 7 работни дена.

Очигледно е дека станува збор за измама, односно за лажна наградна игра која има за цел да дојде до вашите лични податоци и банкарска сметка.

„Нивеа“ е германски бренд за лична нега кој е специјализиран за нега на кожа и тело. Тој е во сопственост на компанијата со седиште во Хамбург Beiersdorf Global AG, која исто така го произведува брендот „Eucerin“.

Оваа компанија нема официјално претставништво во Северна Македонија.

На Фејсбук може да се најде страница „Нивеа Македонија“ и таа има 23 милиони следбеници, но истата нема никакви објави од 2022 година.

На овие страници не најдовме никаква информација за некаков сет подарок за 181 денар.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистина

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција