Нова епизода на Подкастот Контекст – студентите наспроти дезинформациите, кој победува?

Принтскрин: Јутјуб канал на Вистиномер.мк

Во оваа емисија на поткастот Контекст, кој се емитува на Jутјуб каналот на Вистиномер.мк, новинарката Деспина Ковачевска разговара со Савче Ѓошева, студентска правобранителка на УКИМ за една од најактуелните теми за младите – улогата на дезинформациите во студентскиот живот и академското опкружување

 

 

Како дезинформациите ги засегаат студентите? Дали младите навистина се поотпорни или, пак, поподложни на влијанија на социјалните мрежи? И што може да направи Универзитетот за да ги заштити?

Ова се некои од прашањата што беа разговарани во новата епизода на поткастот Контекст, емитувана на Јутјуб каналот на Вистиномер.мк. Новинарката Деспина Ковачевска разговара со Савче Ѓошева, студентска правобранителка на УКИМ, за една од најактуелните теми за младите – улогата на дезинформациите во студентскиот живот и академското опкружување. За ова, Ѓошева вели:

Да, студентите се под влијание на дезинформациите, а напад на дезинформации и говот на омраза имаше и кон Студентарија и Универзитетското студентско собрание, двете страни кои пренесуваа информации и помаагаа на студентите. Од друга страна, самата академска заедница не мислам дека доволно брзо може да одговори на вакви на вакви напади. Мислам дека и нема доволно јасни механизми како ние да постапиме кога се соочуваме со дезинфомации или говор на омраза на оцијалните медиуми.

Фокусот на разговорот е ставен токму на социјалните мрежи, просторот каде што дезинформациите најбрзо се шират и каде студентите најчесто стануваат мета, но и критичари.

За да се слушне гласот на студентите, треба да работиме им се оддаде и простор за изразување, да им се побара мислењето за нејој проблем за да можат да се охрабрат студентите да зборуваат, порача Ѓошева.

Новата епизода на Контекст ќе ја најдете на Јутуб каналот на Вистиномер.мк.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција