НРК: Meѓународната мрежа за проверка на факти номинирана за Нобелова награда

 

Поранешната лидерка на норвешката либерална партија, Трине Скеи Гранде смета дека проверката на фактите стана толку важна што ја заслужува Нобеловата награда за мир, известува порталот за критичко мислење и медиумска писменост „КриТинк“.

Во време кога лажните вести се шират побрзо од кога било и кога силно ги демонизираме меѓусебните мислења, фактот дека некој се бори за вистината, се бори за фактите и се бори да ги симне лажните вести, мислам дека е мировнички чин, вели Гранде за НРК.

Токму затоа Гранде избра да ја номинира  Меѓународната мрежа за проверка на фактите  за Нобеловата награда за мир. Мрежата е со седиште во САД и е основана во 2015 година.

Тоа е организација за проверувачи на факти  која гарантира дека проверувачите на факти имаат добри методи и се сертифицирани за работата што ја работат, вели Гранде

Гранде верува дека лагите и брзото ширење на лажни вести преку социјалните мрежи ја прават проверката на фактите поважна од кога и да е:

Социјалните медиуми имаат такво влијание на ширењето на лаги, за што би можеле да сонуваат поранешните диктатори , вели Гранде.

 

Нагласувајќи ја важноста на проверката на фактите и разоткривањео на лажните вести, таа посочова:

Гледаме дека некој ги поткопува демократиите и дијалогот меѓу земјите, ја демонизира сликата за нациите, религиите и етничките групи. Фактот дека некој се бори за факти е можеби поважен од кога и да е, кога ќе видиме дека лажните вести имаат такво плодно тло на социјалните мрежи, какво што никогаш порано не сме виделе, вели Гранде.

И норвешката „Норске Фактиск“ е дел од меѓународната мрежа на проверувачи на факти. Уредникот Кристоффер Егеберг се согласува со проблемите кои ги поставува Гранде во врска со последиците од лажните вести. Тој ги посочува пандемијата и заговорите околу неа, како нешто што го користат силите кои сакаат да ја поткопаат демократијата во одделни земји.

Во врска со тоа проверувачите на факти во многу земји навистина направија фантастичен напор. Оваа мрежа ИФЦН е исто така неверојатно важна, вели Егеберг.

Тој, исто така,  посочува дека заложбите на ИФЦН за поставување стандарди за проверување на факти доведоа до тоа организацијата да биде значајна и да се слуша нејзиното мислење. Таа стана играч, кој најголемите платформи, како Фејсбук, Гугл, Твитер и други, го почитуваат и уважуваат кога станува збор за маркирање на лажните вести,  пишува НРК.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција