Објава без никакви докази ги посочува вакцините како виновник за зголемениот број лица со аутизам

Вакцини за деца Фото: Julien Harneis., CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Не постојат никакви медицински и научни докази кои ги поврзуваат вакцините со аутизмот. Вакцините заштитуваат и спречиле да се искоренат многу болести во минатото. Објавата што ја анализираме ја шири добро познатата антиваксерска теорија која без никакви докази тврди дека вакцините се штетни за децата. Во последните години има зголемување на стапките на аутизам, но тоа нема никаква врска со вакцините и сето тоа го докажуваат бројни научни студии. Вакцините заштитуваат и спречиле да се искоренат многу болести во минатото.

Не постојат никакви медицински и научни докази кои ги поврзуваат вакцините со аутизмот. Вакцините заштитуваат и спречиле да се искоренат многу болести во минатото. Објавата што ја анализираме ја шири добро познатата антиваксерска теорија која без никакви докази тврди дека вакцините се штетни за децата. Во последните години има зголемување на стапките на аутизам, но тоа нема никаква врска со вакцините и сето тоа го докажуваат бројни научни студии. Вакцините заштитуваат и спречиле да се искоренат многу болести во минатото

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Аутизам во 1980: 1 на 10,000 деца.

Денес: 1 in 36.

Наместо да се мобилизираме како општество, затоа што нешто ги оштетува нашите деца, ние си играме во веќе добро подготвените шаблони на инжинерите за социјален инжинеринг на дебати кои се само лавиринт за одалечување од вистината. Често го поставувам прашањето, можда вакцините се предизвикувачи на аутизам? На ова прашање повторно добро поставен шаблон, ти си антиваксер, теоретичар на заговор, па дали си нормален и сл. А тоа е само прашање, не е констатација. Токму таквиот одговор ги зголемува сомнежите дека токму тој е причинителот. Велат кога од срце ќе си поставиш некое прашање, Бог ти го дава одговорот. Пред некој ден муштерија ми беше човек, стоматолог кој има дете со аутизам. Неговата жена исто така е медицинско лице. Го прашав од што го доби аутизмот. Од вакцината која ја прими, а прооде на 9 месеци, беше здраво дете. Ми вели, срам за нас како медицински лица, наместо да се информираме, ние верувавме на науката. Сега знам дека се штетни, ама е доцна за мене. Зошто докторската фела, како што тоа го прави инжинерската при разни несреќи, авионска, железничка, паднат мост, не навлезе научно во проблемот, туку ја брани фармацевската мафија, која денес е најголемата мафија на светот? За жал потфрлуваме како човештво, општество, а цената се нашите деца!

Објавата паушално и без никакви медицински докази или факти тврди дека вакцините предизвикуваат аутизам и дека тие се виновни за се поголемиот број на заболени деца со аутизам. Дури и споделува емотивна приказна, наводно на медицинско лице, чиешто дете било заболено од аутизам, а болеста ја добило од примена вакцина. И за ваквото тврдење нема никаков доказ.

Точно е дека стапките на аутизам растат во целиот свет, ама тоа не е поврзано со вакцините. Фактот што децата што се невакцинирани развиваат аутизам е само еден показател во таа насока.

ЦДЦ проценува дека едно од 36 деца има пореметување на аутистичниот спектар (АСД) – сооднос повеќе од четирипати поголем отколку пред две децении (архивирано овде). Истражувачите откриле сличен глобален тренд.

АСД е „развојна попреченост предизвикана од разлики во мозокот“, вели ЦДЦ на својата веб-страница. Некои од тие разлики можат да бидат генетски или еколошки, додека други се непознати.

Неколку студии (архивирани овде) проценуваат дека распространетоста на АСД во 1980-тите била многу помала отколку што е денес. Но, постојат неколку потенцијални причини за последователниот скок кои немаат никаква врска со вакцинацијата.

Други независни проверувачи на факти, исто така, ги дебанкираа тврдењата кои ги поврзуваат зголемените стапки на аутизам со вакцинацијата кај децата.

Според статистиките на Светската здравствена организација 1 на 100 деца имаат аутизам.

Достапните научни докази сугерираат дека има многу фактори што прават едно дете да биде поподложно да добие аутизам, вклучително фактори од околината и генетски фактори. Широкото истражување со различни методи што е водено низ многу години, покажува дека МРП вакцината не предизвикува аутизам. Студиите што сугерираат на таков линк се фалични и некои од нивните автори не пријавуваа дека имаат судир на интереси, поради кој доаѓаа до такви заклучоци. Доказите исто така покажуваат дека други детски вакцини не го зголемуваат ризикот од аутизам. Широкото истражување за адитивот алуминиум што се користи во некои инактивирани вакцини строго сугерира дека овие тој не го зголемува ризикот од аутизам, пишува на страницата на СЗО.

Најмалку 20 студии покажуваат дека вакцините не се поврзани со аутизмот. Тоа во интервју за „Вистиномер“ (декември 2021) го потврдува и пензионираниот раководител на службата за општа хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје Тетово, доктор Џавид Фејзули.

Дополнително, тоа што повеќе деца се на аутистичниот спектар сега отколку во минатото, може да значи дека повеќе се дијагностицираат поради екстензивниот скрининг. 

Тврдењата дека вакцините кои се даваат во детството предизвикуваат аутизам датираат од статија од 1998 година објавена во медицинското списание Лансет. Британскиот лекар Ендру Вејкфилд тогаш го поврза вакцинирањето со МРП вакцината (сипаници, заушки и рубеола која обично се дава на доенчиња и мали деца) со аутизам. Сепак, Лансет ја повлече студијата во 2010 година, откако беше откриено дека вклучува фалсификувани податоци. Британските медицински власти подоцна ја повлекоа лиценцата на Вејкфилд да се занимава со медицина, односно неговата лиценца беше одземена.

На оваа тема имаат пишувано и странските проверувачи на факти.Канцеларијата за безбедност на имунизација на ЦДЦ во изјава за АФП вели дека вакцините „не предизвикуваат аутизам“.

Безбедноста на сите вакцини внимателно се следи пред издавањето дозволата (лиценцата), а надзорот на безбедноста е во тек и по лиценцирањето. Нема податоци што укажуваат на причинско-последична поврзаност помеѓу вакцините и аутизмот, се вели во соопштението на канцеларијата испратено до АФП.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека не постојат никакви медицински и научни докази кои ги поврзуваат вакцините со аутизмот. Вакцините заштитуваат и спречиле да се искоренат многу болести во минатото. Објавата што ја анализираме ја шири добро познатата антиваксерска теорија која без никакви докази тврди дека вакцините се штетни за децата. Во последните години има зголемување на стапките на аутизам, но тоа нема никаква врска со вакцините и сето тоа го докажуваат бројни научни студии. Вакцините заштитуваат и спречиле да се искоренат многу болести во минатото.

Поради тоа објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција