Објава без никакви докази тврди дека НАТО го урнал авионот на Борис Трајковски
Нема докази дека НАТО го урнал авионот на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски. Според официјалните истраги, причините за несреќата се грешки на екипажот, технички проблеми и лоши временски услови (магла, дожд).
Нема докази дека НАТО го урнал авионот на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски. Според официјалните истраги, причините за несреќата се грешки на екипажот, технички проблеми и лоши временски услови (магла, дожд)
Анализираме објава на социјалната мрежа Тредс која вели:
НАТО вци намерно го срушија Авипнот на Трајковски и не дозволија никој да птијде да им даде помош и уштебповеќе тие со специјални бренери ги горес преживеаните. Бидејки со огин предизвикан од авионоте некои елементи ме можат да се стопатбтукинссмо мамерно од извор од страна. О мавофивсчоѕ на свионот веднашш по падот го пиштија да си потидр доманза да не биде испитуван за да не открие што е вистината. А Македонците за едно чудо влегоа во фашшистичкото НАТО.
Нема проверени докази дека НАТО го урнал авионот на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски. Според официјалните истраги, причините за несреќата се грешки на екипажот, технички проблеми и лоши временски услови (магла, дожд).
Според извештаите од повеќекратни истраги (Боснa и Херцеговина, Мaкедонија, меѓународна комисиja), авионската несреќа е предизвикана од повеќе фактори: лоши временски услови (магла, дожд), грешки на пилотот, недостиг на некои навигациски помагала и процедури.
Во новиот извештај за смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски во 2004 година, спроведен од тим регионални експерти и објавен во Сараево, уште еднаш се наведува дека фаталната авионска несреќа не е резултат на атентат, туку несреќа. Обвинувајќи ја смртоносната комбинација од пилотски грешки, технички проблеми и процедурални грешки, се очекува извештајот конечно да стави крај на долгогодишните шпекулации за причините за катастрофата, објави Балкан инсајт во јануари 2015 година.
Во 2012 година беше предложено да се формира меѓународна комисија која детално ќе ги испита околностите на несреќата. Омер Кулиќ, кој го водеше истражувачкиот тим, во извештајот објавен на почетокот на 2015 година, посочи седум грешки што предизвикале пад на авионот:
- На екипажот не му беше дозволено да полета од Скопје поради лоши временски услови;
- Екипажот не направил соодветни подготовки за слетување во Мостар;
- Екипажот не обрнал внимание на информациите што ги добил од контролната кула во врска со облаците;
- Не се пренасочиле кон друг аеродром кога го изгубиле сигналот со аеродромот во Мостар;
- За време на летот, се спуштиле под дозволената висина;
- Го деактивирале автопилотот и се обиделе сами да го управуваат авионот;
- Летале на надморска височина под 2.000 стапки (околу 600 метри).
Комисијата вклучуваше луѓе од Србија, Босна, Македонија и Хрватска – широк круг експерти, изјавил тогаш 71-годишниот Кулиќ, пилот со 40 години искуство, поранешен професор на Вишата школа за воздухопловство во Белград и доктор по воздухопловни науки, пренесе Вијести.ме.
Тој додал дека авионот бил стар и во лоша состојба, што исто така „придонело за несреќата“.
Истражувачите не откриле убедливи докази дека авионот бил урнат намерно, дека бил нападнат или дека некој надворешен фактор (на пример НАТО) бил вмешан.
Што се однесува до членството на Северна Македонија во НАТО, тоа нема никаква врска со смртта на поранешниот претседател Трајковски, како што тоа сака да го прикаже објавата што ја анализираме. Членството на Македонија во НАТО се должи на:
- Стратешката определба на државата за евро-атлантска интеграција уште од 1990-тите.
- Учеството во меѓународни мисии и соработка со НАТО преку „Partnership for Peace“ и „Membership Action Plan“.
- Реформи во армијата и безбедносниот сектор за усогласување со стандардите на Алијансата.
- Преспанскиот договор со Грција (2018), кој го реши спорот за името и ја отвори вратата за членство.
Северна Македонија официјално стана членка на НАТО на 27 март 2020 година.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар