Објава дезинформира дека кога почнала војната во Украина завршила ковид-пандемијата

Фото: Mstyslav Chernov, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Пандемијата со ковид-19 заврши благодарение на комбинација на медицински, социјални и биолошки фактори. Милиони луѓе ширум светот беа вакцинирани, а други се стекнаа со природен имунитет со прележување што создаде висока стапка на популациски имунитет, значително намалувајќи ја сериозноста на болеста и хоспитализациите. Следствено, вакцините наспроти изнесеното во објавата, воопшто не беа „лажни и убиствени“, туку вистински и спасоносни

Пандемијата со ковид-19 заврши благодарение на комбинација на медицински, социјални и биолошки фактори. Милиони луѓе ширум светот беа вакцинирани, а други се стекнаа со природен имунитет со прележување што создаде висока стапка на популациски имунитет, значително намалувајќи ја сериозноста на болеста и хоспитализациите. Следствено, вакцините наспроти изнесеното во објавата, воопшто не беа „лажни и убиствени“, туку вистински и спасоносни

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Да се потсетиме; Факт бр.1; Кога започна војната во Украина, во исто време заврши и геноцидната кампања со (наводниот) Ковид вирус и со лажните убиствени вакцини. Факт бр.2; Со доаѓањето на Трамп на власт, кратко време потоа, престана геноцидната кампања со авионското труење со тешки (отровни) метали, вируси и бактерии. Останува да видиме што ќе се случува после Трамп, а нема долго да чекаме.

Неиспровоцираната воена инвазија којашто Русија ја започна во Украина во февруари 2022 година нема никаква врска со крајот на ковид пандемијата, наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме. На 5 мај 2023 година, повеќе од 1 година после стартот на војната што Русија ја почна во Украина, Светската здравствена организација прогласи крај на ковид-пандемијата.

Пандемијата со ковид-19 заврши благодарение на комбинација на медицински, социјални и биолошки фактори. Милиони луѓе ширум светот беа вакцинирани, а други се стекнаа со природен имунитет со прележување што создаде висока стапка на популациски имунитет, значително намалувајќи ја сериозноста на болеста и хоспитализациите. Следствено, вакцините наспроти изнесеното во објавата, воопшто не беа „лажни и убиствени“, туку вистински и спасоносни.

За крајот на пандемијата придонесе и тоа што новите варијанти станаа позаразни, но генерално предизвикуваат помалку сериозна болест, особено кај вакцинираните. Иако уште има ризици кај некои групи, општата стапка на смртност и хоспитализации споредено со претходните варијанти (на пример делта варијантата) се намали.

Докторите исто така имаат ефективни третмани антивирални лекови, како „паксловид“, стероиди и мононуклеални антитела, за да ги редуцираат симптомите и да спречат сериозна болест, а болниците се подобро опремени да менаџираат ковид случаи без да бидат преоптоварени.

СЗО за да прогласи крај на пандемијата не ја користеше војната во Украина како критериум – туку критериумите беа намален број на случаи, хоспитализации и смртни случаи, високи нивоа на имунитет, немањето докази дека доаѓа нова поопасна варијанта и системите кои зајакнаа доволно за да не предизвикуваат состојби на итност во иднина при третирањето на ковид заболените.

Ковид пандемијата не беше „геноцидна кампања“ туку реална пандемија која никој ниту ја предвиде, ниту во прво време можеше да се справи со неа. Но, со вакцинацијата целата ситуација  постепено се промени.

Геноцид е меѓународно злосторство на намерно потполно или делумно уништување на националните, етничките, расните и религиските групи и спаѓа во најтешката група на злосторства против човештвото, но ковид пандемијата е предизвикана од вирус, а не од нечија желба да уништи групи на население, наспроти изнесеното во објавата.

Не е точно дека „со доаѓањето на Трамп на власт престанала геноцидната кампања со авионско труење со тешки метали вируси и бактерии“. Таква кампања не постоела. Вирусите и бактериите не се „прскаат од авиони“. Конкретно коронавирусот се пренесуваше преку респираторни капки, а во конкретната објава се пласира невозможно сценарио дека „луѓето се прскани со вирус фрлен од 5 или 10 илјади метри“ (висина на која летаат авионите), што е небулозно.

Теоријата на заговор за хемиско прскање од авиони, честопати се доведува во корелација со контрејлс – трагите од авионите (водена пареа) што остануваат зад нив како резултат на кондензација, но се видоизменува во „кемтрејлс“ за да се сугерира дека хемиски сме труени од воздухот преку различни програми. Ова е измислица која Вистиномер ја има повеќепати дебанкирано.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција