Објава дезинформира за Зелената агенда и Бил Гејтс

Фото: World Economic Forum from Cologny, Switzerland, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Зелената агенда има за цел зачувување и унапредување на животната средина и исхраната, а не укинување на Сонцето, растенијата и храната и луѓето

Зелената агенда има за цел зачувување и унапредување на животната средина и исхраната, а не укинување на Сонцето, растенијата и храната и луѓето

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

„Зелената Агенда” на светскиот економски форум. Нема Сонце, Нема растенија, Нема храна, Нема луѓе.

Како што може да се прочита на сајтот на Светскиот економски форум, Зелената агенда воопшто не е иницијатива што промовира да нема Сонце, растенија, храна и луѓе.

Бил Гејтс и Светскиот економски форум (СЕФ) активно ги поддржуваат овие цели преку инвестирање во зелени технологии и застапување на политики што промовираат чиста енергија.

Описот дека зелената агенда промовира да нема Сонце, растенија, храна и луѓе не одразува официјална позиција на Светскиот економски форум. Тврдењето се вклопува во поширок наратив на заговор поврзан со „Зелената агенда“, „Големиот ресет“ и наводни планови за уништување на производството на храна.

Овие тврдења се дебанкирани од факт-чекери кои утврдија дека слични тврдења (на пример дека WEF сака да забрани домашно одгледување храна, да го уништи глобалниот систем за храна или да создаде глад) се лажни или погрешно претставени.

Напротив, WEF во своите публикации зборува за заштита на земјоделството, почвите и одржливото производство на храна.

Зелената агенда се однесува на глобални проблеми за кои е потребна итна акција. Климатските промени се глобална криза каде повеќе од половина од светскиот бруто домашен производ директно зависи од природата. Да се сфати итноста на зелената транзиција е исклучително важно за глобалните, но и корпоративните лидери, бидејќи од тоа зависи одржливоста на природата и идната добробит на планетата. Одржливи практики во иднината сè оние кон кои Светскиот економски форум се стреми да мотивира.

Клучните стратешки рамки на агендата вклучуваат економија за климата и природата: Агендата вградува управување ризици од климата и биодиверзитетот во распределбата на капиталот и вреднувањата на бизнисите. Агендата е фокусирана и на системите на Земјата: Се фокусира на обновување на земјишните и водните ресурси за градење долгорочна економска и еколошка отпорност. Агендата се залага за декарбонизација на индустријата: Го поттикнува отстапувањето од фосилните горива во тешката индустрија, а воедно ги проширува чистата технологија и зелените финансии. Во агендата се признаваат предизвиците на економиите во транзиција и се дава приоритет на преквалификацијата на работната сила, фер платите и прифатливоста на потрошувачите.

Зборувајќи на виртуелниот настан „Денот на Светскиот економски форум во Давос“ во 2022 Бил Гејтс рече дека бизнисите треба да играат поголема улога како инвеститори и клиенти на зелени технологии.

Спојувањето на тие нови технологии со големите компании, кои имаат вештини да ги градат во значителен обем, го гледам тоа како итна агенда, рече Гејтс во таа прилика.

Тој објасни дека поддршката и инвестициите од приватниот сектор се потребни за да се направат новите технологии пошироко достапни.

Развој кој ја зема предвид заштитата на животната средина во области како што се зелениот водород и чистите горива во авиосообраќајот веќе постојат, но бизнисите треба да помогнат и да станат клиенти на  вакви производи за да ги направат попристапни. На крајот, ова во суштина се сведува на економија. Мораме да ги направиме вавите извори на енергија многу поекономични, рече Гејтс, чија компанија „Брејктру Енерџи“ инвестира во одржливи технологии.

Тогашниот главен претставник на претседателот на САД за прашања поврзани со климата, Џон Кери, на истиот настан додаде дека инвестициите и откритијата во приватниот сектор ќе бидат потребни за „да се извлечеме од оваа дупка“.

Зелената агенда има за цел зачувување и унапредување на животната средина и исхраната, а не укинување на Сонцето, растенијата и храната и луѓето.

Поради сите горенаведени факти објавата ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција