Објава шири познати теории на заговор за „кемтрејлс“ и за климатските промени
Теоријата на заговор за кемтрејлс (chemtrails conspiracy theory), односно дека некој нè прска со отрови, не е ништо ново и за неа Вистиномер има пишувано во многу наврати. Но, таа упорно и понатаму се шири на социјалните мрежи без никакви докази за тврдењата. Објавата тврди и дека климатските промени не се реални, односно дека некој намерно ги предизивикува
Теоријата на заговор за кемтрејлс (chemtrails conspiracy theory), односно дека некој нè прска со отрови, не е ништо ново и за неа Вистиномер има пишувано во многу наврати. Но, таа упорно и понатаму се шири на социјалните мрежи без никакви докази за тврдењата. Објавата тврди и дека климатските промени не се реални, односно дека некој намерно ги предизивикува
Анализираме објава на Фејсбук во која се вели:
Во Скопје запрашуваат силно отровни пестициди против комарци скоро секој ден. Комарци има повеќе од било кога, само непотребно не трујат. Тоа е дополнување на запрашувањето отрови од НАТО авионите таканаречени Кемтреил, наводно против климатски промени. Климата навистина ја менуваат, оваа година вештачки предизвиканиот студ за време на цветање на овошките ги остави повеќето без плод. Целта е предизвикување глад, гладните робови се по послушни.
На социјалните мрежи години наназад се води пропаганда против НАТО и се сатанизира оваа организација без аргументи. Ова особено се интензивираше откако НАТО ја осуди руската брутална и неиспровоцирана воена агресија кон Украина, која е независна и демократска држава и близок НАТО партнер. Ваквите наративи вообичаено ги пласираат поддржувачи на Русија и на политиките на Кремљ, каков што е случајот со објавата што ја анализираме.
Не е точно ниту дека некој не труе, особено не оваа воена алијанса, како што тоа сака да го прикаже објавата.
Теоријата на заговор за кемтрејлс (chemtrails conspiracy theory), односно дека некој нè прска со отрови, не е ништо ново и за неа Вистиномер има пишувано во многу наврати. Но, таа упорно и понатаму се шири на социјалните мрежи без никакви докази за тврдењата. Toa е случај и во оваа објава.
Во врска со оваа тема „Форбс“ објави студија, според која панел од 76 хемичари и научници од Универзитетот Ирвин, Калифорнија, изјавиле дека никогаш не дошле до докази оти постојат големи програми за хемиско прскање од авиони, со цел да се наштети на здравјето на граѓаните и да се влијае на атмосферата.
Оваа теорија на заговор е актуелна од појавата на интернетот. Уште може да пронајдете бројни интернет страници, кои го промовираат овој вид на псевдонаука. Нашето истражување покажа дека научната заедница не се согласува со тврдењата оти владата, армијата, авиокомпаниите и други субјекти се здружиле во широка мисија да ја отрујат планетата со прскање преку авиони, вели Стивен Дејвис, професор и научник од универзитетот Ирвин во Калифорнија.
Според ова истражување, причината поради која трагите од авионите остануваат видливи е зашто тие летаат на поголеми височини отколку порано, што резултира со кондензациски траги, кои траат подолго време. Тоа што трагите од авионите се вкрстуваат е само и единствено доказ дека има зголемена фреквентност на авиосообраќајот, односно дека има многу повеќе авиони, кои учествуваат во авиосообраќајот, што е и примарната причина некои од нив да мораат да летаат и на поголеми височини.
Објавата тврди и дека климатските промени не се реални, односно дека некој намерно ги предизивикува за да ги претвори луѓето во некакви робови. Ова тврдење е целосно неосновано.
Научните докази продолжуваат да покажуваат дека човечките активности (првенствено човечкото согорување на фосилни горива), ја загреале површината на Земјата и нејзините океански басени, што пак, продолжува да влијае врз климата на Земјата. Дури 97 проценти од климатските научници ширум светот се согласуваат дека климатските промени се реални и водени од човековата активност. Во научниот свет тоа е консензус.
Глобалното затоплување предизвикува зголемување на просечната температура на површината на Земјата. Ова не само што ги зголемува веројатните топлотни бранови и суши, туку, исто така, предизвикува промени во нашите природни климатски системи. Овие промени ги прават екстремните временски настани поверојатни и посериозни. На пример, ураганите и бурите стануваат поинтензивни, се движат побавно и им треба подолго време за да стивнат.
Од сето ова можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар