Објава креирана со вештачка интелигенција лови емпатија

Ваквите содржини се контроверзни зашто експлоатираат емоции (семејството, бебињата и чувството на отфрленост), ја замаглуваат реалноста особено за луѓе коишто тешко препознаваат содржини креирани со вештачка интелигенција

Ваквите содржини се контроверзни зашто експлоатираат емоции (семејството, бебињата и чувството на отфрленост), ја замаглуваат реалноста особено за луѓе коишто тешко препознаваат содржини креирани со вештачка интелигенција. Објавите имплицираат реален настан кој не се случил, тие не содржат јасна ознака дека содржината е креирана со вештачка интелигенција

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

По 7 долги години чекање, конечно станавме родители. За жал, никој не ни честиташе за овој прекрасен ден… Но, дури и еден едноставен љубезен збор би значел многу за нашето мало семејство.
Во склоп на објавата има и видеоматеријал на кој се гледаат маж и жена, заедно со бебе.
Станува збор за кликбејт објава креирана со вештачка интелигенција. При користење на проверка од страна на сервисот за детекција на содржини креирани со помош на вештачка интелигенција „Sightengine“, резултатот е дека 99 проценти содржината е креирана со помош на вештачка интелигенција.

Трендот на социјалните мрежи каде што луѓе користат слики или видеа креирани со вештачка интелигенција (често многу реалистични) со опис како во објавата што ја рецензираме – е со цел да се предизвика ангажман. Фотографиите се генерирани со вештачка интелигенција, описот е таков што предизвикува вина, сочувство или бес, а луѓето коментираат за да честитаат, да се расправаат или да кажат дека се работи за невистинита објава – сето тоа го зголемува досегот.

Креирањето вакви „мамки за ангажман“ носат брз раст на профилите од кои се споделуваат објавите – нови страници користат вакви емоционални мамки за брзо да станат вирални. Откако ќе привлече внимание профилот може да бара донации, да става сомнителни линкови, да продава нешто или комплетно да го смени видот на содржина што го објавува.

Ваквите содржини се контроверзни зашто експлоатираат емоции (семејството, бебињата и чувството на отфрленост), ја замаглуваат реалноста особено за луѓе коишто тешко препознаваат содржини креирани со вештачка интелигенција и на ваков начин се намалува довербата во вистинските објави од вистински родители.

Објавата честопати имплицира реален настан кој не се случил и не содржи јасна ознака дека содржината е креирана со вештачка интелигенција.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција