Објава манипулативно тврди дека 15 светски велесили ја возвишуваат Турција

Но, ниту една од вие набројани земји, ниту пак, нивни лидери и водачи никогаш нема изјавено вакво нешто за Турција. Целиот пост е измислен. Иако во објавата Турција лажно се издигнува на некаков пиедестал, реалноста за оваа држава е поинаква. Турција е земја која се развива економски, но никако не е број еден светска сила, има корупција, а слободата на изразување е ограничена

Постот пренесува наводни изјави на 15 светски сили во кои се величи Турција. Во објавата, исто така, се тврди дека овие светски велесили се плашат од нејзината моќ. Станува збор за наводни изјави на земји како САД, Израел, Германија, Франција, Саудиска Арабија, Русија, Кина и уште неколку други држави. Но, ниту една од вие набројани земји, ниту пак, нивни лидери и водачи никогаш нема изјавено вакво нешто за Турција. Целиот пост е измислен. Иако во објавата Турција лажно се издигнува на некаков пиедестал, реалноста за оваа држава е поинаква. Турција е земја која се развива економски, но никако не е број еден светска сила, има корупција, а слободата на изразување е ограничена

 

На социјалната мрежа Фејсбук се споделува статус во кој се величи Турција и притоа се тврди дека 15 други светски сили сметаат дека Турција и нејзиниот претседател, Реџеп Таип Ердоган владеат со светот. Ова е целосно измислен и манипулативен статус.

Цел свет е во ШОК!

#Америка: Да успеавме да го отстраниме Ердоган, муслиманите ќе беа во загуба и ќе добиевме. Ердоган и Турците ни го уништија 40 годишниот план за 4 часа.

#Израел: Големиот план е уништен. Невозможно е да се разбере Ердоган. Прво го освои Израел, а потоа и Америка. Турците не плашат.

#Англија: Во сите муслимански земји успеавме да ја смениме власта. Ердоган сам успеа да се избори со сето тоа. Нашите планови не успеаја. Турците се неверојатно храбри.

#Германија: Ердоган и Турција не можат да се запрат. Турците се незапирливи.

#Франција: Ако Ердоган владее уште 10 години, Европа ќе заостане многу.

#Ерменија: Турците прават неверојатен напредок и тоа е застрашувачки. На целиот свет му држат лекција. Единствениот народ кој не се плаши од смртта. Некој нека ги натера да престанат време е.

#Кина: Турците не поразија и нас. Сега го поседуваат Блискиот Исток. Ердоган е многу храбар.

#Чешка: Турците никој не може да ги победи. Никој не може да ги зароби. Се натпреваруваат кој ќе биде маченички. Американските шпиони беа уништени за една ноќ.

#Туркменија: Турција владее со светот. Во секоја земја тие се тема. Ердоган стана светски лидер.

#Азербејџан: Не знаеме поголем лидер од турскиот лидер. Што и да сака Ердоган, ние сме тука да го направиме тоа.

#Либија: Избегавме од воените стрелци ама Турците отидоа кај нив по цена на смрт. Невозможно е да се победи овој народ. Американските шпиони се уништени.

#Катар: Ердоган е многу храбар. Прво се соочија со Израел, а потоа се соочија со Америка. Ние сме со Турција. Економски што и да посакате ние сме спремни да направиме.

#Арабија; Муслиманските гулаби се Ердоган и Турција. Турците се народ со преголемо срце. Алах нека биде со нив. Тие се хероите на нацијата.

#Русија: Ердоган го уништи планот со шпиони. Принудени сме да преговараме со Турција. Турците се многу храбри, бркаа по тенкови и куршуми по цена на смртта. Турците се подготвени да го дадат животот за својата земја.

#Пакистан: Ердоган нека владее со нашата земја 5 години и ние ќе владееме со светот. Турците со една нарачка се спремни да умрат.

#Турција: Додека не кажеме дека е готово, не е готово. Дојдете со што и со кого сакате, милиони жители се спремни да бидат сехид („жртви за верата“ – н.з.). За слобода и независност подготвени сме за секаков вид борба. Спремни сме да умреме, но никогаш нема да се предадеме на шпиони. Светот ќе трепери и Турците повторно ќе победат. Османлиските внуци повторно ќе владеат со светот. Алах е доволен за нас.

#GIGANT

Постот пренесува наводни изјави на 15 светски сили во кои се величи Турција. Во објавата, исто така, се тврди дека овие велесили се плашат од нејзината моќ. Станува збор за наводни изјави на земји како САД, Израел, Германија, Франција, Саудиска Арабија, Русија, Кина и уште неколку други држави.

Но, ниту една од вие набројани земји, ниту пак, нивни лидери и водачи никогаш нема изјавено вакво нешто за Турција. Целиот пост е измислен. Во статусот, исто така, се вели дека „целиот свет е во шок“, но не се знае зошто би бил целиот свет во шок.

Иако во објавата Турција лажно се издигнува на некаков пиедестал, реалноста за оваа држава е  поинаква. Турција е земја која се развива економски, но никако не е број еден светска сила, има корупција, а слободата на изразување е ограничена.

Според невладината организација „Фридом Хаус“ Турција, според извештајот објавен во 2022 година, се квалификува како неслободна земја. На скалата од 1 (најлошо) до 100 (најдобро) места, Турција се наоѓа на 32 место. Според политички права, земјата добила 16 од вкупно 40 поени, а за граѓански права 16 од 60 поени.

Партијата на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган владее со Турција од 2002 година. Откако првично усвои некои реформи на либерализација, владата на АКП покажа сè поголем презир кон политичките права и граѓанските слободи и продолжи со широк спектар на репресии против критичарите и противниците од 2016 година. Уставните промени во 2017 година ја концентрираа моќта во рацете на претседателот, отстранувајќи ги клучните алатки за контрола и рамнотежа. Додека Ердоган продолжува да доминира со турската политика, продлабочената економска криза и можностите за понатамошна консолидација на политичката моќ и дадоа на владата нови стимулации да го потисне несогласувањето и да го ограничи јавниот дискурс, се вели во Извештајот.

„Фридом Хаус“ оценува дека Турција е една од земјите во европскиот регион во кои остварувањето на правото на слобода на говор и изразување претставува најголем предизвик. Новинари, писатели, активисти на граѓанското општество, уметници, политички фигури, лидери од маргинализираните заедници, активисти за дигитални права и секојдневни граѓани се соочуваат со широко распространето прогонство поради критикување на владата.

Според Опсерваторијата на економска комплексност, во 2020 година Турција била 19-та економија во светот во однос на БДП, број 29 во вкупниот извоз, број 23 во вкупниот увоз, на 79 место во однос на БДП по глава на жител и на 38 место најсложена економија. Државата ја тресе и висока инфлација и тоа неколку години наназад. Во јуни 2022 година, стапката на инфлација на годишна основа беше 78,6 отсто. Според дефиницијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Турција е една од земјите во развој поради нејзините пониски економски перформанси.

Индексот на перцепција за корупцијата на Транспаренси интернешнл покажа 62 поени за Турција за 2021 година. Скалата има опсег од 0 до 100, во кој корупцијата се зголемува, толку е поголема бројката.

Според рангирањата коешто веќе шест години го прави „Јуес њуз“, Турција во 2021 година се наоѓа на 34 место од вкупно 78 земји. На прво место е Канада, а последна е Ирак. Според ова рангирање, Турција според квалитет на живот е на 40 место, според отвореност за бизнис на 69.

Светскиот извештај за среќа за 2021 година, објавен на 20 март 2021 година, рангира 156 земји врз основа на просечни тригодишни истражувања помеѓу 2017 и 2019 година. Според овој извештај Турција се наоѓа на 112 место.

Овие податоци, базирани на докази покажуваат дека Турција никако не е број еден светска сила, дека владее со светот и дека другите земји ѝ се плашат. Објавата е целосно измислена, но и покрај тоа таа е многу вирална. Досега има (19.08.2022) повеќе од 180 споделувања, над 260 коментари и над 1.200 реакции.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција