Објава на Фејсбук го негира холокаустот и тврди дека тој е шарена лага на Евреите

Споменик на Холокаустот во Берлин Фото: Alexander Blum, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Убиството на шест милиони Евреи за време на холокаустот е наjопсежно документиран геноцид во историjата. За време на холокаустот, нацистите и нивните соjузници воделе беспрекорна евиденциjа коjа вклучува стотици милиони страници во кои е содржано планирањето и извршувањето на ова злосторство. Исто така, постои и обемна филмска и фотографска документациjа за последиците од холокаустот, вклучуваjќи го и ослободувањето на концентрационите логори, откривањето на масовните гробници, безброjните кажувања на очевидци и сведоштва на преживеаните од холокаустот

Убиството на шест милиони Евреи за време на холокаустот е наjопсежно документиран геноцид во историjата. За време на холокаустот, нацистите и нивните соjузници воделе беспрекорна евиденциjа коjа вклучува стотици милиони страници во кои е содржано планирањето и извршувањето на ова злосторство. Исто така, постои и обемна филмска и фотографска документациjа за последиците од холокаустот, вклучуваjќи го и ослободувањето на концентрационите логори, откривањето на масовните гробници, безброjните кажувања на очевидци и сведоштва на преживеаните од холокаустот

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Евреите никогаш не биле жртви тоа е една шарена лага која самите ја имаат креирано и целиот свет е убеден во тоа.

Објавата го негира холокаустот, односно масовното систематско убивање на околу шест милиони европски Евреи, во текот на Втората светска војна, од страна на нацистичкиот режим во Германија, предводен од Адолф Хитлер.

Она што е важно да се истакне, е дека негирањето на холокаустот, претставува кривично дело според поголем дел на ЕУ земјите. И во нашиот Кривичен Законик минимизирањето и негирањето на делата геноцид, злосторство против човештвото и воени злосторства, исто така, претставуваат кривично дело (Член 407-а). Праксата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, покажала дека негирањето на фашизмот и холокаустот поттикнува омраза и нетолеранција.

Со оглед на историскиот контекст на засегнатите држави, негирањето на фашизмот и на холокаустот, макар и маскирано, како непристрасно историско истражување, треба да се гледа како конотација на антидемократска идеологија и антисемитизам. Ова Европскиот суд за човекови права го утврдува во предметот Перинчек против Швајцарија. Европскиот суд за човекови права утврдил дека негирањето на реалноста на злосторствата против човештвото, како на пример фашизмот и холокаустот, имало за цел да го рехабилитира национал-социјалистичкиот режим и да ги обвини самите жртви за фалсификување на историјата, вели во изјава за Канал 5 дадена на 4 август 2022, адвокатот и експерт за човекови права Тони Менкиновски.

Во 2013 година земjите членки на Меѓународната алиjанса за сеќавање на Холокаустот (ИХРА) се договориjа за работната дефинициjа коjа се однесува на негирањето и искривувањето на Холокаустот:

Негирањето на холокаустот претставува дискурс и пропаганда коишто ги негираат историската вистина и обемот на истребувањето на Евреите од страна на нацистите и нивните соучесници за време на Втората светска воjна, попознато како холокауст или Шоа. Негирањето на холокаустот се однесува конкретно на секоj обид да се тврди дека холокаустот/Шоа воопшто не се случил. Негирањето на Холокаустот може да вклучува jавно негирање или изразување сомнежи за примената на главните механизми за уништување (како што се гасни комори, масовни стрелања, изгладнување и измачување), како и на постоењето умисла во вршењето геноцид врз евреjскиот народ.

Негирањето на Холокаустот во неговите разновидни облици претставува израз на антисемитизам. Обидот да се негира геноцидот врз Евреите претставува усилба да се ослободат национал-социjализмот и антисемитизмот од вината и одговорноста за геноцидот врз евреjскиот народ. Меѓу облиците на негирање на Холокаустот се вброjува и обвинувањето дека Евреите го преувеличуваат или измислуваат Холокаустот/Шоа за свои политички или финансиски цели проследено се верување дека Холокаустот/Шоа бил резултат на заговор скроен од Евреите. Целта на ваквите обиди е да се обвинат самите Евреи за Холокаустот/Шоа, а антисемитизмот повторно да стекне легитимитет. Честа цел на негирањето на Холокаустот е и да се возобнови отворениот антисемитизам и да се промовираат политички идеологии и услови погодни за случување на истиот настан што се негира, пишува во публикација на ОБСЕ за справување со негирањето, искривувањето и тривијализацијата на холокаустот.

Холокаустот е историски факт и никој не може да го негира, односно не може да се каже дека Евреите не биле никогаш жртви и дека извршениот геноцид врз нив бил само една шарена лага, како што сака да го прикаже објавата која ја анализираме.

Убиството на шест милиони Евреи за време на холокаустот е наjопсежно документиран геноцид во историjата. За време на холокаустот, нацистите и нивните соjузници воделе беспрекорна евиденциjа коjа вклучува стотици милиони страници во кои е содржано планирањето и извршувањето на ова злосторство. Исто така, постои и обемна филмска и фотографска документациjа за последиците од холокаустот, вклучуваjќи го и ослободувањето на концентрационите логори, откривањето на масовните гробници, безброjните кажувања на очевидци и сведоштва на преживеаните од холокаустот.

Во резолуциjата на Генералното собрание на Обединетите нации 61/255 безрезервно се осудува секое негирање на холокаустот. Сите земjи членки безрезервно се повикуваат да го отфрлат секое негирање на холокаустот како историски настан, било делумно или во целост и сите активности во таа смисла. Негирањето на холокаустот ја зголемува шансата тој да се повтори.

Многу очевидци и докази недвосмислено сведочат и потврдуваат со сигурност дека холокаустот се случил.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција