Објава на Фејсбук ја прикажува смртта на актерот Душко Костовски како нова вест

Фото: Принтскрин, dailyzonews.com

Очигледно е дека целта на постот била да се привлечат што е можно повеќе кликови и реакции на Фејсбук, па поради тоа и веста е суптилно пренесена да делува како да е нова. Никаде во постот не се спомнува дека станува збор за сеќавање на смртта на актерот Душко Костовски, или пак дека поминале 28 години од неговата смрт

Очигледно е дека целта на постот била да се привлечат што е можно повеќе кликови и реакции на Фејсбук, па поради тоа и веста е суптилно пренесена да делува како да е нова. Никаде во постот не се спомнува дека станува збор за сеќавање на смртта на актерот Душко Костовски, или пак дека поминале 28 години од неговата смрт

 

 

Пост на Фејсбук, објавувајќи вест како сеќавање за македонскиот актер Душко Костовски кој почина во 1995 година, манипулира со читателите конструирајќи наслов да изгледа како Костовски да починал дента. Ова предизвика бројни коментари под веста во кои се изразува сочувство за неговата смрт, но има и такви кои забележуваат дека актерот починал пред 28 години и дека насловот на веста не соодветствува со реалноста, односно создава погрешна слика.

IN MEMORIAM 🕊🕯
По долго боледување во скопската болница престана да чука срцето на легендарниот македонски актер…, се вели во објавата која ја анализираме.

Вака објавен постот остава впечаток дека легендарниот македонски актер починал сега, а не во 1995 година.

Постот споделува и напис со наслов „По долго боледување во скопската болница престана да чука срцето на легендарниот актер- поминаа 28 години од студениот 21 јануари“. Насловот е јасен, но не е целосно прикажан во постот, односно не се гледа целосно вториот дел, каде се вели дека поминале 28 години од неговата смрт.

Очигледно е дека целта на постот била да привлече што е можно повеќе кликови и реакции на Фејсбук, па поради тоа и веста е суптилно пренесена да делува како да е нова. Никаде во постот не се спомнува дека станува збор за сеќавање на смртта на актерот Душко Костовски, или пак дека поминале 28 години од неговата смрт.

Имајќи предвид дека многу од граѓаните читаат само наслови и најави на постовите, логично е веста да предизвика бројни коментари и реакции.

Насловот и објавата, доколку имале за цел да информираат, наместо да манипулираат, можеле да бидат составени поинаку, на пример да се каже дека поминаа 28 години од смртта на легендарниот македонски актер или „во сеќавање на актерот Душко Костовски“.

Поради ова можеме да кажеме дека на постот кој го анализираме му недостига контект.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција