Објава на Фејсбук шири дезинформации за „енергетски карантин“
Тврдењата за „енергетски карантин“, задолжителна работа од дома со казни или затвор, систематско уништување на енергетска инфраструктура од Украина, или дека енергетската криза е намерно политички монтирана, немаат докази во официјални институции на ЕУ, IEA или меѓународни извештаи.
Тврдењата за „енергетски карантин“, задолжителна работа од дома со казни или затвор, систематско уништување на енергетска инфраструктура од Украина, или дека енергетската криза е намерно политички монтирана, немаат докази во официјални институции на ЕУ, IEA или меѓународни извештаи
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
ДАЛИ СЛЕДИ НОВ КАРАНТИН – “ЕНЕРГЕТСКИ КАРАНТИН”
Дали и кај нас следи, поради глобален ВЕШТАЧКИ НЕДОСТИГ на ЕНЕРГЕНСИ, да си ПРОГЛАСАТ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА со КАРАНТИН??? Се’ е можно,
Дали со вештачката енергетската глобална криза (има/нема) а кај нас смируваат со самофалби “одлично се справуваме”, АМА ГИ ИЗГЛАСАА РУДНИЦИ НА СМРТТА???
Дали може наеднаш да се случи, ВОНРЕДНА СОСТОЈБА и ограничување на слобода на движење со карантин и нормално повторно глоби и апсење.
Дали со оваа мерка ќе им дадат СЛОБОДА НА КОНЦЕСИОНЕРИТЕ ДА БУШАТ И КОПААТ СЕКАДЕ, БЕЗ ПРЕЧКИ ДЕКА НЕКОЈ ЌЕ БЛОКИРА???
Еве го италијанскиот пример, кој може да стане и европски👇
ПЛАНдемијата сè уште не е ставена под контрола, а Италија веќе се подготвува за следниот карантин: овој пат не поради смртоносен вирус, туку поради сопствената енергетска криза. Наместо да обезбедат безбедност на снабдувањето, оние на политичката власт создаваат недостиг – а потоа прогласуваат вонредна состојба.
Погрешните слики од Бергамо во март 2020 година официјално ја започнаа „пандемијата“. Ужасната приказна за смртоносна епидемија, за која се претпоставуваше дека може да се запре само со строги карантини и последователни задолжителни вакцини, послужи како оправдување за целосна контрола врз граѓаните, вклучително и суспендирање на граѓанските слободи. Во меѓувреме, „пандемијата“ е тивко одложена. Никој не се грижи за жртвите на вакцината, освен оние што се директно погодени и неколку теоретичари на заговор кои продолжуваат да бараат пресметка со криминалците.
Но, следниот карантин веќе се подготвува. Овој пат, популарниот збор е „енергетски карантин“. И повторно, Италија го предводи патот. Од почетокот на април 2026 година, владата на Џорџија Мелони развива планови за непредвидени ситуации кои би можеле да се спроведат од мај па натаму доколку снабдувањето со гас и нафта пропадне поради блокадата на Блискиот Исток и санкциите на ЕУ против Русија.
Добрата стара домашна канцеларија повторно ќе стане законски извршлива обврска. „Паметно работно време“ во јавниот и приватниот сектор, следејќи го докажаниот модел од пандемијата. Оние кои не се придржуваат ризикуваат казни или дури и затворски казни до четири месеци. Автомобилите ќе останат паркирани, системите за климатизација и греење ќе бидат исклучени, а енергетски интензивните индустрии ќе се затворат. Со други зборови, познатите ограничувања на слободата на движење и вработување.
Целиот овој модел изгледа чудно познат на скептичниот набљудувач. За време на планираната пандемија, болничките кревети беа систематски намалени, само за потоа да се прогласи карантин поради наводното преоптоварување на болниците. Денес, европските левичарски/зелени влади ги иселуваат рафинериите, ги дигаат во воздух електраните, ги поплавуваат рудниците за јаглен и ѝ дозволуваат на Украина да го саботира нашето снабдување со енергија. А потоа, повикувајќи се на самонаметната енергетска криза, тие се подготвуваат за следната рунда ограничувања. Енергетската криза е политички монтирана. Наместо да се обезбеди безбедноста на снабдувањето (фундаментална одговорност на секоја разумна влада), оние на власт намерно создаваат недостиг, а потоа прогласуваат вонредна состојба.
Патем, италијанската Лига повикува на континуирани испораки на руски гас наместо карантин, но глобалистите во Брисел, Рим и Австрија тврдоглаво се држат до својот пат кон енергетска сиромаштија. Се сомневаме дека населението ќе прифати понатамошни карантини. Не по искуствата од последните години. Луѓето беа сведоци на погазување на граѓанските слободи. Тие беа сведоци на замолчување на критичарите, манипулирање на податоците и насочување на милијарди долари на даночните обврзници кон оние кои профитираат од планираната економија.
Наместо да подготвуваат карантини, раководството на ЕУ и нашите влади треба да ги обноват односите со Русија, да ѝ забранат на Украина да уништува понатамошни нафтоводи, да ги укинат сите климатски и CO2 цели без замена, да го зголемат производството на нафта и гас и да ги реактивираат рафинериите. Европа треба да ги користи сите сигурни форми на енергија што ни се достапни. Ова вклучува и нуклеарна енергија, доколку е потребно.
Повторните обиди за ограничување на граѓанските слободи на населението веројатно би предизвикале отпор дури и побрзо отколку за време на „пандемијата“. Само погледнете ги демонстрациите во Ирска. Луѓето се презаситени од тоа што се користат како пиони во нивните планови од страна на самопрогласените елити. И сигурен сум дека ограничувањата наметнати поради „енергетската криза“ никогаш нема да влијаат на нашите мудри владетели, се разбира. Тие би продолжиле да патуваат низ светот, транспортирани со лимузински услуги. Ограничувањата секогаш се наметнуваат само на обичната толпа што ја финансира владејачката класа со нивните задолжителни даноци.
Објавата изнесува низа невистини и дезинформации и пласира тези кои не се поткрепени со никакви факти. Но, ќе одиме по ред.
ДАЛИ СЛЕДИ НОВ КАРАНТИН – “ЕНЕРГЕТСКИ КАРАНТИН” Дали и кај нас следи, поради глобален ВЕШТАЧКИ НЕДОСТИГ на ЕНЕРГЕНСИ, да си ПРОГЛАСАТ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА со КАРАНТИН??? Се’ е можно.
Овој дел од објавата содржи неколку тврдења и сугестии, но нема фактичка основа за „нов енергетски карантин“ или планирана вонредна состојба со карантин поради енергенси.
Не постои официјален поим „енергетски карантин“ во закон, ЕУ политика или документи на Владата на С. Македонија или меѓународни институции.
„Карантин“ се користи исклучиво во јавно здравје (како што беше случајот со пандемијата на ковид-19). Во енергетиката постојат термини како „кризна состојба“, „енергетска криза“, „мерки за штедење“.
На пример, Македонија навистина прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор во 2022 година поради недостиг на струја и високи цени – но тоа НЕ е карантин и НЕ вклучува забрани за движење или затворање на луѓе.
Понатаму, објава вели дека ќе се воведе некако енергетски карантин „поради глобален вештачки недостиг на енергенси“.
Ова тврдење е делумно дезинформациско. Реалната слика според меѓународни извори (IEA, ЕУ анализи) е следната: 2021–2023 година имаше енергетска криза во Европа, а причините беа: пост-пандемиско закрепнување (поголема побарувачка), војната во Украина и намален руски гас, проблеми во синџири на снабдување, временски и пазарни фактори.
Нема докази за „централно организиран вештачки недостиг“ како глобален план. Тоа е теорија на заговор без поткрепа во официјални извештаи.
Објавата тврди и дека „ќе си прогласат вонредна состојба со карантин“.
Нема никакви официјални најави за такво нешто. Енергетската криза не води кон карантин мерки. Дури и во 2022–2024 енергетските кризи во Европа немало затворање на граѓани, немало ограничување на движење. Имало само штедење струја, ограничувања за јавни згради, субвенции и регулирање на цени.
Еве го италијанскиот пример, кој може да стане и европски👇 ПЛАНдемијата сè уште не е ставена под контрола, а Италија веќе се подготвува за следниот карантин: овој пат не поради смртоносен вирус, туку поради сопствената енергетска криза. Наместо да обезбедат безбедност на снабдувањето, оние на политичката власт создаваат недостиг – а потоа прогласуваат вонредна состојба. Погрешните слики од Бергамо во март 2020 година официјално ја започнаа „пандемијата“. Ужасната приказна за смртоносна епидемија, за која се претпоставуваше дека може да се запре само со строги карантини и последователни задолжителни вакцини, послужи како оправдување за целосна контрола врз граѓаните, вклучително и суспендирање на граѓанските слободи. Во меѓувреме, „пандемијата“ е тивко одложена. Никој не се грижи за жртвите на вакцината, освен оние што се директно погодени и неколку теоретичари на заговор кои продолжуваат да бараат пресметка со криминалците. Но, следниот карантин веќе се подготвува. Овој пат, популарниот збор е „енергетски карантин“. И повторно, Италија го предводи патот. Од почетокот на април 2026 година, владата на Џорџија Мелони развива планови за непредвидени ситуации кои би можеле да се спроведат од мај па натаму доколку снабдувањето со гас и нафта пропадне поради блокадата на Блискиот Исток и санкциите на ЕУ против Русија.
Овој дел од објавата меша реални факти (енергетска криза, италијанска енергетска политика, ковид-мерки) со неточни интерпретации, манипулативен јазик и тврдења без докази.
Нема никакви официјални планови во Италија за „карантин“ поради енергија.
Италија (како и цела ЕУ) има планови за енергетска безбедност, сценарија за намалување на потрошувачка резерви на гас и диверзификација на снабдување. Никаде не се споменува карантин или ограничување на движење на луѓе.
Тврдењето дека „властите создаваат недостиг и потоа прогласуваат вонредна состојба“ имплицира намерно „создавање криза“, но енергетската криза во Европа е документирана од намалување на руски гас, пазарни шокови и геополитички фактори (војната во Украина). Нема докази за „намерно создавање недостиг од влади“.
Понатаму, тврдењето дека „погрешни слики од Бергамо ја започнаа пандемијата“ е манипулативно и неточно.
Сликите од Бергамо (2020) беа реални. Италија беше една од најпогодените земји во првиот бран на ковид-19, имаше масовен број смртни случаи и преоптоварен здравствен систем. Медиумски извештаи и фактчек платформи потврдија дека сликите од Бергамо во 2020 се реални и прикажуваа воени камиони што транспортирале ковчези поради преоптоварени крематориуми и висок број на смртни случаи.
Тврдењето дека „ковид бил оправдување за целосна контрола и суспензија на слободи“, е делумно мислење, а не факт. Факт е дека имаше строги мерки (локдауни, ковид сертификати), но тие беа временски ограничени, донесени од парламенти и влади, под правна рамка за јавно здравје. „Целосна контрола“ е политичка интерпретација, не проверлив факт.
Во однос на тоа дека „никој не се грижи за жртвите на вакцините освен теоретичари на заговор“, постојат официјални системи за пријавување несакани реакции: во ЕУ тоа е EudraVigilance, а во САД – VAERS.
Сите вакцини имаат документирани несакани ефекти, мониторинг систем и регулаторен надзор. Но, огромното мнозинство реакции се ретки и лесни, а научниот консензус е дека вакцините значително ја намалиле смртноста од ковид.
Добрата стара домашна канцеларија повторно ќе стане законски извршлива обврска. „Паметно работно време“ во јавниот и приватниот сектор, следејќи го докажаниот модел од пандемијата. Оние кои не се придржуваат ризикуваат казни или дури и затворски казни до четири месеци. Автомобилите ќе останат паркирани, системите за климатизација и греење ќе бидат исклучени, а енергетски интензивните индустрии ќе се затворат. Со други зборови, познатите ограничувања на слободата на движење и вработување. Целиот овој модел изгледа чудно познат на скептичниот набљудувач. За време на планираната пандемија, болничките кревети беа систематски намалени, само за потоа да се прогласи карантин поради наводното преоптоварување на болниците. Денес, европските левичарски/зелени влади ги иселуваат рафинериите, ги дигаат во воздух електраните, ги поплавуваат рудниците за јаглен и ѝ дозволуваат на Украина да го саботира нашето снабдување со енергија. А потоа, повикувајќи се на самонаметната енергетска криза, тие се подготвуваат за следната рунда ограничувања. Енергетската криза е политички монтирана. Наместо да се обезбеди безбедноста на снабдувањето (фундаментална одговорност на секоја разумна влада), оние на власт намерно создаваат недостиг, а потоа прогласуваат вонредна состојба. Патем, италијанската Лига повикува на континуирани испораки на руски гас наместо карантин, но глобалистите во Брисел, Рим и Австрија тврдоглаво се држат до својот пат кон енергетска сиромаштија. Се сомневаме дека населението ќе прифати понатамошни карантини. Не по искуствата од последните години. Луѓето беа сведоци на погазување на граѓанските слободи. Тие беа сведоци на замолчување на критичарите, манипулирање на податоците и насочување на милијарди долари на даночните обврзници кон оние кои профитираат од планираната економија.
Овој дел од објавата содржи реални политички теми (енергетика, ЕУ политика, Италија политика), но заклучоците што ги прави се претерани, неточни или недокажани.
Нема докази дека „домашната канцеларија ќе стане законска обврска“. За тоа нема, ниту ЕУ директива, ниту италијански закон, ниту план во 2026 г. кој воведува задолжителна работа од дома со казни. Работа од далечина (remote work) постои како можност (после ковид пандемијата), но е договорна опција меѓу работник и работодавач, а не државна обврска.
„Автомобили ќе бидат паркирани, клима/греење исклучени, индустрии затворени“, е манипулативно сценарио без докази. Ова се хипотетички сценарија, а не реални политики. Реалноста е дека ЕУ има планови за намалување потрошувачка во кризи, но нема забрани за движење на автомобили, нема исклучување на греење за население како политика, нема масовно затворање индустрии како стандардна мерка.
Тврдењето дека „за време на пандемијата болнички кревети намерно биле намалени“ е делумно извртено. Факт е дека во многу европски земји бројот на болнички кревети се намалувал со години (тренд пред ковид), но тоа било резултат на реформи, помал престој во болници (амбулантска медицина) и буџетски политики. Нема докази дека тоа било „систематски за да се создаде пандемија“.
Тврдењето дека „ЕУ влади намерно затвораат рафинерии, електрани, рудници“ е делумно вистина, но погрешно интерпретирано. ЕУ навистина затвора јаглени електрани, намалува зависност од фосилни горива и воведува зелена транзиција. Но, тие не се „дигнати во воздух“, не е саботажа, туку тоа се политики за климатски цели и декарбонизација.
Нема докази дека Украина го „саботира европското снабдување со енергија“. Енергетските проблеми во ЕУ се поврзани со намален руски гас, војната како геополитички фактор и пазарни шокови.
Значи, Европа навистина се соочи со енергетска криза во периодот 2021–2023, главно поради намаленото снабдување со руски гас, геополитичките последици од војната во Украина и глобални пазарни и пост-пандемиски нарушувања, при што ЕУ истовремено спроведува зелени политики со цели за намалување на CO₂ емисиите, а нуклеарната енергија останува дел од енергетскиот микс во некои држави; исто така, за време на ковид-пандемијата беа воведени строги, но временски и законски регулирани мерки за јавно здравје.
Спротивно на тоа, тврдењата за „енергетски карантин“, задолжителна работа од дома со казни или затвор, систематско уништување на енергетска инфраструктура од Украина, или дека енергетската криза е намерно политички монтирана, немаат докази во официјални ЕУ, IEA или меѓународни извештаи. Најчесто ваквите наративи комбинираат реални факти со шпекулации, страшни сценарија и политички интерпретации претставени како факти, создавајќи слика за „тајни планови“ која не е поткрепена со докази, додека реалните одлуки во ЕУ се носат преку јавни институции, влади и законодавни процеси.
Поради сето ова, објавата ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар