Објава паушално ги обвинува ЕУ и НАТО дека „наметнуваат проблеми“

Фото: НАТО

Членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност. Тоа е најсилната гаранција за заштита на територијалниот интегритет и на суверенитетот на Република Северна Македонија. ЕУ е стратешки партнер на Северна Македонија кој континуирано дава поддршка преку проекти, финансиска и структурна помош во клучните области за унапредување на демократијата и системот во земјава. Вложувањата се во здравството, полицијата, владеењето на правото, економијата, невладиниот сектор, јавната администрација, трговијата… Таквото унапредување не може да биде извор на проблеми туку нивно решавање.

Членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност. Тоа е најсилната гаранција за заштита на територијалниот интегритет и на суверенитетот на Република Северна Македонија. ЕУ е стратешки партнер на Северна Македонија кој континуирано дава поддршка преку проекти, финансиска и структурна помош во клучните области за унапредување на демократијата и системот во земјава. Вложувањата се во здравството, полицијата, владеењето на правото, економијата, невладиниот сектор, јавната администрација, трговијата… Таквото унапредување не може да биде извор на проблеми туку нивно решавање

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Слепото и безалтернативно ЕУ и НАТО е причината за наметнатите проблеми! Не може да очекуваш почит, од тие кои ти се крвници!

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, ниту ЕУ ниту НАТО ѝ се крвници на Северна Македонија. Членството во НАТО на земјава кое се случи на 27 март 2020 година претставува реализација на една од  најважните стратешки цели на Македонија, која беше заедничка и зацртана со едногласна одлука на Собранието уште во 1993 година. Членството во НАТО како стратешка цел секогаш имало силна поддршка од јавноста и широк натпартиски меѓуетнички и општествен консензус.  

Членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност. Тоа е најсилната гаранција за заштита на територијалниот интегритет и на суверенитетот на Република Северна Македонија. Од 30-те членки на НАТО, 21 земја се членки и на ЕУ. Ние сме еднаков дел од ова големо семејство на развиени демократии. Заедно со нив го даваме нашиот придонес кон светскиот мир и безбедност. Ние не сме повеќе објект во гео-политичките дискусии, сега сме субјект кој активно придонесува во дискусиите и во носењето на одлуки по сите прашања. Тоа значи дека имаме споделена одговорност и обврска да дадеме придонес кон одржувањето на мирот, безбедноста и стабилноста, пишува на сајтот на Министерството за надворешни работи.

Членството во НАТО не е проблем туку претставува значително подобрување на безбедноста и стабилноста во нашиот регион со што Македонија има поблиска соработка со сите соседи кои се членки на НАТО како и со другите Сојузници кои се во нашиот регион. Причината е во тоа што НАТО е најуспешната воено-политичка Алијанса во историјата на човековата цивилизација и сојуз за колективна одбрана на земјите членки. НАТО е воено супериорна, политички силна и релевантна и економски доминантна организација, која обединува безмалку 1 милијарда луѓе и повеќе од 50 проценти од светскиот бруто домашен производ.

За Северна Македонија членството во НАТО не е извор на „наметнати проблеми“ како што невистинито се тврди во објавата што ја рецензираме, туку претставува гаранција за зачувувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан е еден од врвните надворешно-политички приоритети. Силната посветеност на НАТО кон Западен Балкан како стратешки важен регион, е од најголемо значење за одржување на мирот и стабилноста во регионот. Овој пристап (промовиран на Самитот во Брисел во 2021 година и реафирмиран во новиот Стратешки концепт на НАТО) и долгогодишниот ангажман на Алијансата во Западен Балкан дадоа значајни резултати.

НАТО заштитува, обединува и зацврстувa. Членството во Алијансата значи безбедност, а без безбедност, нема просперитет. Факт е дека безбедноста носи подобра економија, повеќе инвестиции, а со тоа и подобар живот за граѓаните. Безбедноста носи предвидливост која ќе ги охрабри инвеститорите и дома и од странство дека вложувањето во нашата земја е сигурно.

Дури и пред формалното членство, од моментот кога ја добивме поканата, сите кредитори, особено кредитните агенции кои што ги проценуваат нашите ризици, излегоа со иста реченица – членството во НАТО ќе се случи, а тоа значи поголема политичка стабилност и поголема стабилност на фирмите и на финансискиот систем. Тоа влијае на намалени каматни стапки и на поголем капитал кој што е на располагање не само за државата, туку и за економијата. Тоа веќе го почувствувавме, дури и во време на ковид-кризата, државата можеше да обезбеди пари и преку ЕУ обврзница и преку нашите стандардни кредитори – финансиските институции, рече тогашната министерка Радмила Шеќеринска во интервју објавено на страницата на Министерството за одбрана. 

Дополнително, полноправното членство во НАТО ги охрабрува и домашните инвеститори и странските инвеститори дека ова е држава во која капиталот е сигурен. Огромна придобивка е и фактот дека наши компании од денот на членство можат да конкурираат на секој од НАТО тендерите кои што, на пример, се однесуваат на снабдување на КФОР во Косово..

НАТО Сојузниците и членките на ЕУ ги делат истите вредности, НАТО и ЕУ играат комплементарна, кохерентна и меѓусебно зајакнувачка улога во поддршката на меѓународниот мир и безбедност. Северна Македонија целосно го поддржува унапредувањето на стратешкото партнерство НАТО-ЕУ, зајакнатите политички консултации и зголемената соработка за прашања од заеднички интерес, како што се воената мобилност, отпорноста, влијанието на климатските промени врз безбедноста, новите и нарушувачки технологии, човековата безбедност, агендата за жени, мир и безбедност, како и борба против сајбер и хибридни закани.

ЕУ е стратешки партнер на Северна Македонија кој континуирано дава поддршка преку проекти, финансиска и структурна помош во клучните области за унапредување на демократијата и системот во земјава. Вложувањата се во здравството, полицијата, владеењето на правото, економијата, невладиниот сектор, јавната администрација, трговијата… Таквото унапредување не може да биде извор на проблеми туку нивно решавање. Инструментот за претпристапна помош (ИПА) е главен финансиски инструмент на ЕУ за поддршка на структурните реформи во С. Македонија и на нејзиниот пристапен процес. Од 2007 година наваму, ЕУ, преку националната ИПА програма, инвестираше 1,6 милијарди евра во пет клучни области: владеење на право и фундаментални права, демократија и добро владеење, заштита на животната средина и одржлива поврзаност, економски развој и човечки капитал, земјоделство и рурален развој. Сите овие области се клучни за демократскиот тек и за владеењето на правото во земјата, кои ги засегаат сите граѓани.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција