Објава по секоја цена сака да ја претстави Русија како жртва во војната во Украина

Илустрација: Вистиномер

Тврдењето дека „неонацифашистите“ (НАТО и западните земји како што се посочува во објавата) го уништуваат христијанството и православните христијани, особено Русија, е класична манипулација. Со цел да ја оправда својата воена инвазија врз Украина, рускиот претседател Владимир Путин почна да ја наметнува идејата дека Русија се бори за да го заштити христијанството и традиционалните вредности кои одат во духот на православието.

Тврдењето дека „неонацифашистите“ го уништуваат христијанството и православните христијани, особено Русија, е класична манипулација. Со цел да ја оправда својата воена инвазија врз Украина, рускиот претседател Владимир Путин почна да ја наметнува идејата дека Русија се бори за да го заштити христијанството и традиционалните вредности кои одат во духот на православието. Објавата споделува и напис во кој се тврди дека пред почетокот на војната во Украина, САД распоредиле ракетни системи во Украина, што не е поткрепено со никакви докази 

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

ZDRUZHENI ZAPADNI SHPIONI, NATO I NEONACIFASHISTI PROTIV HRISTIJANI PRAVOSLACNI I SLOVENI OSOBENO RUSI.

Тврдењето дека „неонацифашистите“ (НАТО и западните земји како што се посочува во објавата) го уништуваат христијанството и православните христијани, особено Русија, е класична манипулација. Со цел да ја оправда својата воена инвазија врз Украина, рускиот претседател Владими Путин почна да ја наметнува идејата дека Русија се бори за да го заштити христијанството и традиционалните вредности кои одат во духот на православието.

Мит е дека Западот сака да ги уништи „традиционалните вредности“, односно дека „Русија води света војна против безбожните сатанисти во Украина за да го заштити христијанството и традиционалните вредности“, оценува Euvsdisinfo во својата анализа за руската војна во Украина.

Честопати, про-Кремљ експертите за дезинформации, особено Владимир Соловјов го користат овој дезинформациски наратив во врска со неоснованите обвинувања против Украина за наводен обид за уништување на Православната црква. Оваа манипулативна тактика се засили во 2019 година кога на Православната црква на Украина ѝ беше доделен статус на независна црква и повторно во ноември 2022 година, кога украинската влада објави дека ќе подготви закон за забрана на црквите поврзани со Русија, пишува Euvsdisinfo.

Демонизирањето на Украина и нејзините западни поддржувачи како безбожници оди рака под рака со про-Кремљ дезинформациите дека Западот сака да ги уништи „традиционалните вредности“.

Заедно, тие ја прикажуваат Русија како заштитник на овие вредности. Овој дезинформациски наратив за заштита на загрозените вредности е исполнет со хомофобија која често се претвора во отворен говор на омразазаклучува Euvsdisinfo.

Во контекст на Русија и Путин, нивните поддржувачи често го нагласуваат православието, но повеќето држави со мнозинско православно население не се на страната на Путин, туку се членки на НАТО и/или ЕУ (на „неонацифашистите“ кои ги спомнува објавата), или, пак, преговараат тоа да бидат. Тоа се: Грција, Кипар, Бугарија, Романија, Црна Гора, Северна Македонија, Молдавија и Украина.

Целосно на страната на Путин е само Белорусија. Србија, пак, комуницира со Путин, но таа е и официјален кандидат за ЕУ.

Факт е дека западните земји не војуваат против Русија и немаат намера да уништат никакви традиционални и православни вредности за кои Русија самата се прогласува како единствен бранител.

Западните земји, обединети преку НАТО и ЕУ, не војуваат со Русија, туку Русија во 2022 изврши целосна воена инвазија врз Украина во која загинаа и сè уште гинат голем број цивили и војници на украинска територија. Оваа инвазија е најголем воен напад во Европа после Втората светска војна и е предмет на широка меѓународна осуда, како и санкции против Русија.

Објавата, зборувајќи за западните земји кои ја поддржуваат Украина, посочува дека тие се фашистички. Ова исто така е дел од пропагандата на Кремљ, за што Вистиномер има пишувано во повеќе наврати.

Тврдењето дека западните земји, пред сè членките на ЕУ и НАТО, се фашистички, не е точно.

Фашизмот е екстремно десничарска, авторитарна, ултранационалистичка политичка идеологија и движење, што се карактеризира со диктаторски лидер, централизирана автократија, милитаризам, насилно потиснување на опозицијата, верување во природна општествена хиерархија, подреденост на индивидуалните интереси за доброто на нацијата или расата и силен режим на општеството и економијата.

Западните држави се обединети во Европската Унија и таа спротивно на постулатите на фашизмот, е политичка и економска унија од 27 земји-членки кои се фундаментално демократски и се придржуваат до принципите на либерална демократија, човекови права и владеење на правото. Со ЕУ управуваат институции кои меѓу другите ги вклучуваат Европската комисија, Европскиот парламент и Европскиот совет. Одлуките се носат низ демократски процеси, при што земјите-членки имаат застапеност и збор во креирањето политики. Европскиот парламент се избира на демократски избори кои се одржуваат во земјите членки, а тој потоа ја избира Европската комисија.

ЕУ става силен акцент на човековите права, основните слободи и заштитата на малцинствата. Таа има механизми за да ги поддржува овие принципи, како што е Европскиот суд за човекови права. Од друга страна, пак, фашистичките режими се познати по нивната угнетувачка природа, вклучувајќи цензура, прогон на политичките противници и кршење на човековите права. ЕУ ја слави културната различност и ја охрабрува соработката меѓу различните народи.

Фашизмот промовира хомоген национален идентитет и често се вклучува во агресивен национализам и ксенофобија.

Објавата што ја анализираме, споделува и напис во кој се тврди дека пред почетокот на војната во Украина, САД распоредиле ракетни системи во Украина. Ваквото тврдење не е поткрепено со никакви докази.

Фактите говорат поинаку. Големата инвазија на Русија започна на 24 февруари 2022 година. Пред овој датум, САД ја немаа распоредено својата ПВО инфраструктура во  Украина. Украина веќе имаше значителен број сопствени С‑300 системи наследени од советската ера пред 2022 година. САД не вложиле нивни ракетни системи (на пример HIMARS, Patriot, ATACMS) во Украина се додека не започна инвазијата.

Постојат случаи каде украински офицери го побарале системот „Патриот“ уште во август 2021 година, но биле одбиени од страна на САД.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистинита.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција