Објава погрешно го интерпретира говорот на Бил Гејтс за намалување на емисиите на јаглероден диоксид

Бил Гејтс Фото: Mathieu Sroussi, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Објавата погрешно ја интерпретира, односно ја вади од контекст изјавата на Бил Гејтс за време на говор даден за ТЕД (непрофитна организација посветена на ширењето идеи) во 2010 година каде тој зборувал за методите за редуцирање на јаглерод диоксид на нула. Тој не сугерира дека бројот на постоечки луѓе на планетата треба да се намали со вакцинација, туку дека треба да се спречи неодржливото ниво на раст на популацијата.

Објавата погрешно ја интерпретира, односно ја вади од контекст изјавата на Бил Гејтс за време на говор даден за ТЕД (непрофитна организација посветена на ширењето идеи) во 2010 година каде тој зборувал за методите за редуцирање на јаглерод диоксид на нула. Тој не сугерира дека бројот на постоечки луѓе на планетата треба да се намали со вакцинација, туку дека треба да се спречи неодржливото ниво на раст на популацијата

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува кратко видео, извадок од говор на Бил Гејтс, а во описот се вели:

“Растот на популацијата се движит кон 9 билиони луѓе. Со вакцини, репродуктивни програми, здравство, порастот ке го НАМАЛИМЕ за 15%” – Бил Гејтс.

Објавата погрешно ја интерпретира, односно ја вади од контекст изјавата на Бил Гејтс за време на говор даден за ТЕД, (непрофитна организација посветена на ширењето идеи) во 2010 година во кој тој зборувал за методите за редуцирање на јаглерод диоксид на нула. Еден од факторите коишто ги подигнуваат емисиите на јаглерод диоксид е неодржливото ниво на популацискиот раст.

Гејтс во говорот посочува дека светот денеска има 6,8 милијарди луѓе, а се движи накај 9 милијарди. Потоа додава дека ако се направи добра работа на полето на развој на нови вакцини, здравствен систем, услуги за репродуктивно здравје, може да се намали за 10 до 15 проценти.

Но, Гејтс не сугерира во говорот дека глобалната популација треба да биде убиена со користење на вакцини. Тој вели дека подобрувањето на јавното здравство и користењето на вакцините може да го намали неодржливиот развој на популацијата во иднина, а со тоа да се намалат и емисиите на јаглероден диоксид, пишува Ројтерс во својата анализа.

Коосновачот на Мајкрософт долго време е поддржувач на идејата да се контролира популацијата за да се таргетираат корените на сиромаштијата.

Во 2011 година за Форбс тој изјавил дека кога првпат влегол во јавното здравство, тоа било за да се фокусира на контрацепцијата. Кога подоцна видел податоци дека опаѓа стапката на смртност, исто како и стапката на раѓања, Гејтс го префрлил фокусот од превенирање раѓања, во спасување на веќе живите луѓе.

Гејтс зборува за чекорите неопходни за да се намали емисијата на јаглероден диоксид. Тој не сугерира дека бројот на постоечки луѓе на планетата треба да се намали со вакцинација, туку дека треба да се спречи неодржливото ниво на раст на популацијата.

До таков заклучок дошле и проверувачите на факти на Њузчекер. Во говорот во кој се зборува за редуцирање на емисиите на јаглероден диоксид, Гејтс вели дека унапредувањето на јавното здравство може да направи идниот раст на светската популација да има одржливо ниво, а со тоа и емисите на јаглерод диоксид може да се доведат на добро ниво.

Поради сите горенавдени факти оценуваме дека објавата што ја анализираме е објавата во која се пропушта контекстот.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција