Објава погрешно тврди дека Митева истовремено е пратеничка и портпаролка на Влада
Информацијата дека на Митева ѝ престанал пратеничкиот мандат ја објавија голем дел од медиумите, како на 8 октомври, така и на 10 октомври. Впрочем и самата Митева во едно подолго образложение на Фејсбук на 9 октомври посочи дека не е пратеничка и портпаролка во исто време. Не е јасно дали авторот на објавата што ја анализираме во моментот кога ја објавил истата (8 октомври), имал информација дека Митева поднела оставка од пратеничката функција. Меѓутоа, неговата објава и 10 дена подоцна (18 октомври), не е поправена ниту тргната од Тредс, односно и понатаму тврди дека Митева е пратеничка и портпаролка во исто време, што не е точно
Информацијата дека на Митева ѝ престанал пратеничкиот мандат ја објавија голем дел од медиумите, како на 8 октомври, така и на 10 октомври. Впрочем и самата Митева во едно подолго образложение на Фејсбук на 9 октомври посочи дека не е пратеничка и портпаролка во исто време. Не е јасно дали авторот на објавата што ја анализираме во моментот кога ја објавил истата (8 октомври), имал информација дека Митева поднела оставка од пратеничката функција. Меѓутоа, неговата објава и 10 дена подоцна (18 октомври), не е поправена ниту тргната од Тредс, односно и понатаму тврди дека Митева е пратеничка и портпаролка во исто време, што не е точно
Анализираме објава на социјалната мрежа Тредс која вели:
ЕВИДЕНТЕН СУДИР НА ИНТЕРЕСИ МЕЃУ ЗАКОНОДАВНАТА И ИЗБРШНАТА ВЛАСТ! ВМРООВСКИ бисер. Не може пратеничка да биде портпарол на Владата!
Точно е дека пратеник не може да биде портпарол на Влада, бидејќи доаѓа до судир на извршната и законодавната власт, но не е точно тврдењето дека Марија Митева е пратеничка и портпаролка на Влада истовремено, како што тоа сака да го прикаже објавата што е предмет на нашата анализа.
Она што објавата пропушта да го спомене е дека кога Владата ја именуваше Митева за портпаролка, на 8 октомври 2024 година, таа поднесе оставка од пратеничката функција во Собрание.
Имено Митева во изјава за „360 степени“ на 8 октомври посочи дека до собраниската архива веќе ја доставила својата оставка како пратеник и дека на нејзино место во собраниските клупи ќе седне следната од изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата од првата изборна единица, а тоа е Катерина Крстевска од Општина Аеродром.
Позицијата пратеник е неспоива со која било друга функција, поради што јас денеска во архивата на Собранието ја поднесов мојата оставка, изјави Митева.
По реакции во јавноста дека Митева не може да биде портпарол на Влада и пратеник истовремено, таа уште еднаш на 9 октомври нагласи дека поднела оставка од пратеничката функција и дека не извршува две функции.
Почитувана јавност, почитувани граѓани и медиуми, ја следам состојбата со реакциите за мое наводно извршување на две именувани позиции и се чувствувам должна за истото да дадам одговор и мој личен, но истoвремено правно поткрепен став по истото и тоа од два аспекти. Прво и најважно е формалниот правен аспект кој во ниеден случај не е заобиколен, затоа што јас лично вчера веднаш по моето именување за Портпарол на Владата поднесов писмена неотповиклива оставка од позицијата пратеник и формално правно, јас ниту извршувам две именувани позиции истовремено ниту имам законска можност истото да го правам. Воедно, истото го темелам согласно одредбите од Законот за пратеници член 8 став 3 кој вели, цитирам: “Мандатот на пратеникот му престанува со денот на настануваьето на случаите од ставот 1 точки 2, 3, 4, 5 и 6 на овој член, што Собранието го констатира на првата наредна седница.” А, во ставот 1 точка 3 се вели дека, повторно цитирам: “На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран, ако настапи случај на неспоивост на функцијата. Тоа јасно укажува дека мене мандатот ми е престанат, а Собранието на следната седница истото треба само да го констатира. Исто така, со поднесената оставка се подразбира дека до одржување на седницата нема да учествувам во работата на Собранието, а професионално ќе ја обавувам позицијата Портпарол на Влада. Вториот аспект, кој секогаш сум го промовирала е моралниот, со кој не ги обавувам позициите пратеник и портпарол на политичка партија, туку од денес настапувам од позиција Портпарол на Владата, со транспарентност и отчетност пред сите граѓани и така ќе продолжам и во иднина, напиша Митева на Фејсбук.
Мора да напоменеме оти не е јасно дали авторот на објавата што ја анализираме во моментот кога ја објавил истата (8 октомври), имал информација дека Митева поднела оставка од пратеничката функција. Но, информацијата дека на Митева ѝ престанал пратеничкиот мандат ја објавија голем дел од медиумите, како на 8 октомври, така и на 10 октомври.. Впрочем и самата Митева во едно подолго образложение на Фејсбук на 9 октомври посочува дека не е пратеничка и портпаролка во исто време.
Но, објавата што ја анализираме и 10 дена подоцна (18 октомври), не е поправена ниту тргната од Тредс, односно и понатаму тврди дека Митева е пратеничка и портпаролка во исто време, што не е точно. Поради тоа, можеме да кажеме дека објавата е невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар