Објава преку лажно видео тврди дека УСАИД им плаќала на холивудски актери за да ја посетат Украина

Фото: Принтскрин

Видеото и приказната во него не се автентични и не потекнуваат од E! News, изјавил за АФП на 5 февруари портпаролот на медиумот. Дарен Линвил, ко-директор на Медиумскиот центар за форензика на Универзитетот Клемсон, на 5 февруари, на социјалната мрежа Икс изјави дека наводното видео на Е њуз „ги има сите индикации дека е руско фабрикувано видео поставено и раширено со познати методи“.

Видеото и приказната во него не се автентични и не потекнуваат од E! News. Дарен Линвил, ко-директор на Медиумскиот центар за форензика на Универзитетот Клемсон, на социјалната мрежа Икс изјави дека наводното видео на Е њуз „ги има сите индикации дека е руско фабрикувано видео поставено и раширено со познати методи“

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Се сеќавате кога голем број на холивудски ѕвезди „поттикнати од храброста„ на украинците и во име на „демократијата„ му искажуваа поддршка на тој копукот во Украина ? Епа не било до убедувањето, до парите било. УСАИД ги поттикнал со милиони долари. Не само УСАИД, и тоа педофилско гнездо наречено Холивуд треба да се уништи.

Објавата споделува и видео наводно објавено од Е њуз (логото на E news се гледа на видеото) во кое се  вели дека УСАИД спонзорирал американски ѕвезди да ја посетат Украина по руската воена инвазија.

Во видеото се наведува дека агенцијата ѝ платила 20 милиони долари на Анџелина Џоли, 5 милиони долари на Шон Пен, 8 милиони долари на Орландо Блум, 4 милиони долари на Бен Стилер и 1,5 милиони долари на Жан-Клод Ван Дам – чиешто име е погрешно напишано.

Но, видеото и приказната во него не се автентични и не потекнуваат од E! News, изјавил за АФП на 5 февруари портпаролот на медиумот.

Дарен Линвил, ко-директор на Медиумскиот центар за форензика на Универзитетот Клемсон, на 5 февруари, на социјалната мрежа Икс изјави дека наводното видео на Е њуз „ги има сите индикации дека е руско фабрикувано видео поставено и раширено со познати методи“.

Видеото исто така се прошири и на руските канали на Телеграм и на Правда, руски државен медиумски сајт, посочува АФП.

И покрај тоа што секој од актерите именувани во клипот бил во Украина, нема докази дека УСАИД им доделил пари.

Анџелина Џоли, главен донатор на хуманитарните напори ширум светот, ја посети Украина во 2022 година. Таа во тоа време служеше како специјален пратеник за агенцијата за бегалци на ОН, но патувањето го направи лично, изјави портпаролот на ОН.

Шон Пен отпатува во Украина во 2022 година додека снимал документарец за војната и Зеленски. Бен Стилер се сретна со украинскиот лидер истата година додека беше во посета како амбасадор на добра волја на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации, а Орландо Блум го запозна во 2023 година како амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. Ван Дам отиде во Украина во 2022 година „за да пренесе порака за надеж и мир“, според неговиот канал на Јутјуб.

Актерот Бен Стилер реагираше на видеото на социјалната мрежа Икс на 5 февруари, посочувајќи дека сам си ја платил посетата на Украина во 2022 година, без пари од УСАИД и секако неговата посета не била на туѓа сметка.

Ова се лаги кои доаѓаат од руските медиуми. Јас целосно го финансирав моето хуманитарно патување во Украина. Немаше финансирање од УСАИД и секако никакво плаќање. 100 проценти лажно, напиша тој.

Агенцијата на ОН за бегалци во соопштение од 6 февруари 2025 рече дека Стилер „не добива компензација за неговата работа со УНХЦР и самостојно го финансира своето патување“.

Бен го поддржува УНХЦР од 2016 година и е амбасадор на добра волја од 2018 година. Благодарни сме за долгогодишната поддршка на Бен за бегалците и насилно раселените лица, се наведува во соопштението.

Адвокатот на Шон Пен, Метју Розенгарт, во изјава за АФП рекол дека тврдењата во видеото оти УСАИД му плаќал на актерот се „целосно лажни и е опасно и неодговорно некој да ja повторува оваа информација без да ја анализира или разбира пропагандата и овие невистини“.

Доколку овие лажни, непромислени и клеветнички изјави продолжат, г-дин Пен ќе ги преземе сите соодветни правни мерки, додал тој.

Андриј Јермак, шеф на канцеларијата на претседателот на Украина, објави на Икс дека најновиот клип за УСАИД што плаќа познати личности е „целосна глупост“.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција