Објава промовира непостоечки лек против косопад

Косопад (Alopecia aerata) Фото: Kevlaraz, CC0, via Wikimedia Commons

Вистиномер провери дали ваков лек, со вакво име Косопасец е регистриран во Македонија, но таков лек во Централниот регистар на лекови нема.

Вистиномер провери дали ваков лек, со вакво име Косопасец е регистриран во Македонија, но таков лек во Централниот регистар на лекови нема

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

100% природно решение за Косопасец! – 700 ден.

-исто така помага за зацврснување на влакното, згуснување на косата, отстранување на првут и други чести проблеми со косата.

Објавата споделува наводен лек против косопад (косопаст), за кој не е наведено со каков состав е и кој е производител. Лекот, како што можевме да провериме на Гугл, го нема во аптеки, туку се рекламира само на Фејсбук страници и тоа од пред неколку години.

Вистиномер провери дали ваков лек, со вакво име Косопасец е регистриран во Македонија, но таков лек во Централниот регистар на лекови нема.

Инаку косопадот или Alopecia areata (Алопеција ареата) е автоимуно заболување. Тоа значи дека имунолошкиот систем по грешка ги напаѓа фоликулите на влакната, поради што косата паѓа во округли или овални мазни полиња, најчесто на главата, но може да ги зафати и брадата, веѓите или другите делови од телото.

За оваа болест не постои траен лек, но кај многу луѓе косата повторно расте, спонтано или со помош на третмани. Болеста може да се враќа во периоди.

Во зависност од големината на зафатената површина, дерматологот може да препорача:

  1. Кортикостероидни инјекции во местото без коса (често се прв избор за помали полиња).
  2. Кортикостероидни креми, масти или лосиони.
  3. Миноксидил како дополнителен третман за поттикнување на растот на косата.
  4. Кај потешки или распространети случаи – JAK инхибитори (на пример барицитиниб или други, кога се соодветни), кои се даваат под строг лекарски надзор.

Оттука, несериозно е да се рекламираат и продаваат наводни лекови кои се непроверени и нерегистрирани, зашто не се познати ефектите од нив.

Поради сето погоре, оценуваме дека објавата која ја анализираме е невистинита.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција