Објава со лажна фотографија лови кликови на Фејсбук

Кога ќе го отворите написот што се споделува во постот ќе видите дека македонската банкнота од 10 денари нема никаква врска со текстот. Таа е прикажана во оваа објава на Фејсбук само колку да ве привлече да кликнете и да го отворите текстот. Во него е прикажана српска банкнота од 10 динари за која се посочува дека вреди од 3 до 8 илјади евра

Кога ќе го отворите написот што се споделува во постот ќе видите дека македонската банкнота од 10 денари нема никаква врска со текстот. Таа е прикажана во оваа објава на Фејсбук само колку да ве привлече да кликнете и да го отворите текстот. Во него е прикажана српска банкнота од 10 динари за која се посочува дека вреди од 3 до 8 илјади евра

 

Пост на Фејсбук преку лажна фотографија ги манипулира читателите со цел да собере што повеќе кликови.

Што чекате? Веднаш проверете ги банкнотите кои ги поседувате дали изгледаат како следната…

Имено, во постот се вели дека, доколку некој ја има банкнотата од 10 динари, може да заработи 8.000 евра. Притоа, на фотографијата е прикажана банкнота од македонски 10 денари од 1993 година. Ова на прв поглед може да ги доведе во заблуда читателите, бидејќи разликата меѓу динари и денари е една буква, а оној кој нема да го отвори написот ќе помисли дека оваа македонска банкнота вреди илјадници евра. Но, всушност не е така.

Кога ќе го отворите написот ќе видите дека македонската банкнота нема никаква врска, таа е прикажана на фотографија само колку да ве привлече да го прочитате текстот.

Со 10 динари моментално во Србија можете да купите само мастика за џвакање, но има и 10 динари од порано што вредат многу повеќе… Се работи за банкнота од 1885 година за која колекционерите велат дека може да добиете од 3.000 до 8.000 евра. Банкнотата е вредна затоа што е многу ретка. Голем дел од овие банкноти биле повлечени од употреба, а дел од нив се изгубени. Затоа десетдинарката е вистинско мало богатство, се вели во написот.

Во него е прикажана и српската банкнота од 10 динари за која се посочува дека вреди од 3 до 8 илјади евра.

Оттука можеме да заклучиме дека имаме класичен пример на објава со кликбејт наслов и фотографија, која има за цел да ги измами читателите читателите да го отворат текстот. Ваквите објави можат да создадат забуна во јавноста особено имајќи го предвид фактот дека многумина не ги отвораат текстовите кои се пласирани, туку првично се информираат од насловот и фотографијата.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција