Објава споделува цитат од лажно писмо на Тесла напишано до неговата мајка

Никола Тесла Фото: Фликер https://flic.kr/p/2mdcUL5

На Интернет со години циркулираат наводните последни зборови на славниот научник Никола Тесла, кои како што се тврди, ги откриваат неговите последни мисли пред да почине во јануари 1943 година. Сепак, не постои ниту еден доказ што ја потврдува автентичноста на наводните последни зборови на Тесла. Тврдењето нема поддршка од историски записи, архивска документација или реномирани извори. Водечки експерт за животот на Тесла, исто така, потврдил дека тој никогаш не дал таква изјава

На Интернет со години циркулираат наводните последни зборови на салвниот научник Никола Тесла, кои како што се тврди, ги откриваат неговите последни мисли пред да почине во јануари 1943 година. Сепак, не постои ниту еден доказ што ја потврдува автентичноста на наводните последни зборови на Тесла. Тврдењето нема поддршка од историски записи, архивска документација или реномирани извори. Водечки експерт за животот на Тесла, исто така, потврдил дека тој никогаш не дал таква изјава

 

Анализираме објава на Фејсбук која ги пренесува наводно последните зборови на познатиот научник и истражувач Никола Тесла.

Последните зборови на Никола Тесла: „Посакувам да бидам покрај тебе сега, мајко, да ти ја донесам чашата вода. Сите овие години што ги поминав во служба на човештвото не ми донесоа ништо друго освен навреди и понижувања“.

Скриншот од објавата

На Интернет со години циркулираат наводните последни зборови на српско-американскиот пронаоѓач Никола Тесла, кои како што се тврди, ги откриваат неговите последни мисли пред да почине во јануари 1943 година.

Сепак, не постои ниту еден доказ што ја потврдува автентичноста на наводните последни зборови на Тесла. Тврдењето нема поддршка од историски записи, архивска документација или реномирани извори. Водечки експерт за животот на Тесла, исто така, потврдил дека тој никогаш не дал таква изјава, пишува сајтот за проверка на фактите Сноупс.

Тврдењето потекнува од писмото што Тесла наводно и го напишал на својата мајка. Сепак, резултатите од пребарувањето на Гугл на англиски покажаа дека цитатот кој се спомнува во објавата се појавил на интернет пред 1 јануари 2015 година, пишува Сноупс.

Eдна статија на хрватски блог од јануари 2015 година тврди дека го содржи „првиот англиски превод на последното писмо на Никола Тесла“. Наводното писмо e прикажано и во напис на англиски јазик објавен во март 2015 година од српскиот медиум Телеграф.рс.

Писмото e поделено на пет дела, наводно напишано во текот на пет последователни дена, од 18 ноември до 22 ноември.

Виралниот цитат се наоѓа во делот од писмото од 18 ноември.

Сепак, написот на Телеграф.рс вклучува оградување: „ВАЖНО: автентичноста на ова писмо никогаш не е потврдена…“.

Во март 2015 година, Телеграф.рс објави корекција на српски јазик, во која се вели:Писмото што кружи на Интернет не е последното писмо на Тесла до неговата мајка, повикувајќи се на напис објавен од српската веб-страница за проверка на факти FakeNews.rs.

Според Фејкњуз.рс, наводното писмо на Тесла напишано до мајка му, всушност  е фиктивно писание и е збир на бројни нелогичности.

На пример, писмото е со датум од ноември, но сепак опишува настани од април, создавајќи хронолошки недоследности. Покрај тоа, писмото сугерира дека Тесла бил во Америка во тоа време, но историските записи покажуваат дека тој бил во Париз во тој период.

Милица Кеслер, архиварка во музејот на Никола Тесла, во изјава за Сноупс рекла дека она што се знае за часот на смртта на Тесла е од сведочењата на неговиот внук Сава Косановиќ, Шарлот Музар и Кенет Свези.

Никола Тесла умрел сам во својата хотелска соба во хотелот „Њу Јоркер“. Така што немало сведоци кои би можеле да посведочат кои биле последните зборови на Тесла, рекла Кеслер за Сноупс.

Кеслер, исто така, додала дека „на неговата ноќна масичка биле пронајдени белешки со математички пресметки, па се претпоставува дека тоа било последното нешто што го направил“, нагласувајќи дека „мајката на Тесла, Ѓука починала во 1892 година, односно 50 години порано“.

Различни самоволни и романтични приказни кружат на интернет, но за жал, повеќето од нив не се многу точни, заклучува таа.

Марк Сејфер, експерт за животот и времињата на Никола Тесла и автор на книгата „Волшебник: Животот и времињата на Никола Тесла“, за Сноупс изјавил дека Тесла не го кажал ова. Тој исто така додал дека „овој пасус е дискутиран со голем број експерти за Тесла и сите сме сигурни дека Тесла никогаш не го кажал тоа“.

Од сето погоре, можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистинита.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција