Објава споделува фотографија од Грција и тврди дека е снимена во Скопје
Вистиномер ја побара на Гугл фотографијата од Грција за која се тврди дека е снимена во Скопје. Фотографијата е снимена во Грција, а не во Македонија. Сајтот Дете.гр ја објавил оваа фотографија на 5 ноември 2025 година, тврдејќи дека таа е снимена во градот Патра.
Вистиномер ја побара на Гугл фотографијата од Грција за која се тврди дека е снимена во Скопје. Фотографијата е снимена во Грција, а не во Македонија. Сајтот Дете.гр ја објавил оваа фотографија на 5 ноември 2025 година, тврдејќи дека таа е снимена во градот Патра
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
И ова го има во Скопје!
Објавата споделува и линк до напис со наслов „Се продава гарсониера со паркинг во центар на Скопје“ – Хит фотка од главниот град“.
На фотографијата од написот, којашто е преземена од социјалната мрежа Икс, се гледа автомобил паркиран на тераса во зграда и за истата се тврди дека е направена во центарот на Скопје.
И ова го има во Скопје! Автомобил паркиран на тераса. Според објавата на социјалната мрежа „X“ станува збор за центарот на Скопје, се вели во написот.
Вистиномер ја побара оваа фотографија на Гугл. Она што го најдовме е дека фотографијата е направена во Грција, а не во Македонија.
Сајтот Дете.гр ја објавил оваа фотографија на 5 ноември 2025 година тврдејќи дека таа е снимена во градот Патра.
Автомобил паркиран на балкон во Патра. Дали мислите дека е пронајдено решението за сообраќајните метежи и нелегалното паркирање на главните улици во градот? На крајот на краиштата, имаме толку многу балкони. Со паркинзите заостануваме…, пишува грчкиот сајт.
Фотографијата се појавува и во Фејсбук група посветена на градот Патра.
Решението за паркирање во Патра е пронајдено!, вели објавата.
Фотографијата ја има и на грчки профил на Инстаграм.
Фотографијата ја има и на Редит, исто така поставена од грчки профил. Тука таа е целосна и на неа може да се забележи потпис @almalibregr, што асоцира на Грција, односно дека авторот е од Грција, не од Македонија.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар