Објава споделува лажно видео во кое професорот Петличковски наводно зборува против ковид вакцините

Лажното сценарио е во насока на изнесување невистинити тврдења за ковид вакцините и наводните „штетни ефекти од вакцинацијата“ со цел да се манипулира јавноста дека ковид вакцините се штетни и смртоносни. Доколку се погледнат коментарите под објавата, ќе се види дека ефектот бил постигнат.

Станува збор за видео креирано со помош на вештачка интелигенција со лажно намонтирано сценарио и зборови кои професор доктор Петличковски, кој инаку е имунолог, никогаш не ги кажал

 

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува измамничка и невистинита содржина во која е злоупотребен идентитетот на професор доктор Александар Петличковски и на водителката на вести на националната телевизија Канал 5, Љубица Јаневска-Ивановска, која наводно го емитува прилогот во кој зборува докторот.

Во објавата се посочува на изјава на д-р Петличковски кој наводно рекол дека „секој што примил ковид вакцина е жив мртовец“. Водителката во монтираното видео нагласува дека изјавата на Петличковски „ќе ве шокира“, но тука завршува приказната. Нема никаква изјава, видеото е прекинато.

Станува збор за видео креирано со помош на вештачка интелигенција, со лажно намонтирано сценарио и зборови кои доктор Петличковски, кој инаку е имунолог, никогаш не ги кажал.

Лажното сценарио е во насока на изнесување невистинити тврдења за ковид вакцините и наводните „штетни ефекти од вакцинацијата“ со цел да се манипулира јавноста дека ковид вакцините се штетни и смртоносни. Доколку се погледнат коментарите под објавата, ќе се види дека ефектот бил постигнат.

Алармантно е што во лажното видео се изнесуваат невистинити податоци за вакцината против ковид-19, индиректно против сите вакцини – што може да создаде паника кај населението и избегнување и на други вакцини, со што пак се нанесува штета генерално врз јавното здравје.

Наспроти изнесеното во објавата, доктор Петличковски кој во времето на ковид вакцинацијата беше и на чело на Комисијата за заразни болести, никогаш нема изјавено дека „секој што примил ковид вакцина е жив мртовец“.

Дека видеото е лажно и креирано со помош на ВИ, потврдија и од Канал 5 телевизија, чиешто лого и водителка на вести се злоупотребени.

Александар Петличковски, професор и раководител во Институтот за имунологија и хумана генетика е мета на дезинформации. Тој е ставен во видео каде зборува дека оние кои примале ковид вакцина имаат сериозно заболувања и во истото видео рекламира лек што ќе ги спаси од последиците. И самиот Петличковски бил шокиран колку е вистинито видеото каде во изјавата е иста и бојата на неговиот глас. Во ова видео е злоупотребена и Канал 5 телевизија каде е искористена Љубица Јаневска како разговара со професот. Петличковски случајот го пријавил во МВР во одделот за сајбер криминал и апелира граѓаните да не веруваат во видеото каде рекламира лек и се шири паника за вакцините, информираа од Канал 5.

Наспроти изнесеното во објавата, вакцините против ковид не се штетни и смртоносни, за што Вистиномер има пишувано во повеќе наврати.

Поради сето погоре, оценуваме дека објавата која ја анализираме е невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција