Објава тенденциозно и преку лажни тврдења сака погрешно да ги претстави вредностите на ЕУ
Тенденциозна медиумска објава има за цел да се омаловажи и дискредитира претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, а со тоа и вредностите на Европската Унија како заедница, да предизвика лавина негативни коментари со што се врши манипулација со јавноста.
Очигледно е дека станува збор за тенденциозна медиумска објава која има за цел да се омаловажи и дискредитира Мишел, а со тоа и вредностите на Европската Унија како заедница, да предизвика лавина негативни коментари со што се врши манипулација со јавноста. Главните вредности и темели на Европската Унија (ЕУ) се утврдени во Договорот за Европската Унија, особено во член 2 и тие немаат никаква врска со она што објавата го споделува
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Вредностите на Европа.
Објавата споделува и две фотографии. На едната е прикажан поранешниот претседател на Европскиот совет Шарл Мишел, а на другата е прикажан маж облечен во сукња и потпетици и за истиот се тврди дека е Мишел. Двете фотографии се поврзани со текстот: „Ова е тој што ги советуваше денес“.
Нашата проверка покажа дека мажот во сукња не е Шарл Мишел.
Вистината е дека фотографијата е направена на 1 јули 2021 година, за време на модната недела наменета за мажи Пити Уомо во Фиренца и прикажува еден од учесниците на настанот. Заедно со другите слики, таа беше споделена на Фејсбук страницата на Пити Уомо со наслов: „Во живо од Pitti Uomo 100“. Сликата не го открива идентитетот на прикажаното лице.
Може да се забележи дека фотографијата која е споделена на Фејсбук објавата што е предмет на оваа рецензија, е со многу послаб квалитет од оригиналната. Ова е намерно направено за да се добие впечаток на фотографијата е Шарл Мишел, а всушност на оригиналната фотографија која е со добар квалитет повеќе од очигледно е дека не станува збор за претседателот на Европскиот совет.
Освен тоа, формата на брадата, како и бојата на косата на Шарл Мишел и личноста прикажана на сликата се различни.
Ваква слична дезинформација била објавена и во јули 2021 година на Фејсбук профилот „Единство за Грузија“ при што била дебанкирана од „Myth detector“.
Очигледно е дека станува збор за тенденциозна медиумска објава чија цел е да се омаловажи и дискредитира Мишел, а со тоа и вредностите на Европската Унија како заедница, да предизвика лавина негативни коментари со што се врши манипулација со јавноста.
Главните вредности и темели на Европската Унија (ЕУ) се утврдени во Договорот за Европската Унија, особено во член 2.
ЕУ се темели на:
– Почитување на човековото достоинство – секој човек има вродено достоинство и права.
– Слобода – слобода на мислење, изразување, движење, вероисповед и избор.
– Демократија – граѓаните учествуваат во изборот на своите претставници и во демократските процеси.
– Еднаквост – сите граѓани се еднакви пред законот и имаат еднакви можности.
– Владеење на правото – законите важат еднакво за сите, а институциите работат во согласност со правото.
– Почитување на човековите права – вклучувајќи ги правата на припадниците на малцинствата.
Поради сето ова, објавата која ја анализираме, ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
A useful reminder that manipulated visuals often work by exploiting context rather than creating an entirely convincing image. Comparing the original source, image quality, dates, and surrounding claims remains essential when verifying content shared on social platforms.