Објава злоупотребува природни феномени и тврди дека некој нѐ прска од авиони

Фото: Txemi LópezPixabay

На фотографијата споделена во објавата се прикажани два различни типа на облаци – долните, за кои се тврди дека се природни, се кумулуси (Cumulus) и горните за кои се тврди дека се кемтрејлс, односно вештачки и резултат на некакво прскање, се цируси (Cirrus). Двата типа на облаци се сосема природни и немаат никаква врска со некакво хемиско прскањеНа фотографијата споделена во објавата се прикажани два различни типа на облаци – долните, за кои се тврди дека се природни, се кумулуси (Cumulus) и горните за кои се тврди дека се кемтрејл, односно вештачки и резултат на некакво прскање, се цируси (Cirrus). Двата типа на облаци се сосема природни и немаат никаква врска со некакво хемиско прскање

На фотографијата споделена во објавата се прикажани два различни типа на облаци – долните, за кои се тврди дека се природни, се кумулуси (Cumulus) и горните за кои се тврди дека се кемтрејлс, односно вештачки и резултат на некакво прскање, се цируси (Cirrus). Двата типа на облаци се сосема природни и немаат никаква врска со некакво хемиско прскање

 

Анализираме објава на Фејсбук која ја шири добро познатата теорија на заговор за „кемтрејлс“. Објавата споделува фотографија на која се гледаат два типа на облаци и вели:

Да ја објасниме денешната состојба.

Објавата ја промовира теоријата на заговор дека некој нѐ прска со авиони од небото, што е неточно. Ова е една од најраспространетите теории на заговор, честопати дебанкирана од Вистиномер.

Како што многупати досега пишувавме, трагите од авиони коишто сите ги гледаме на небото, не се резултат на некоја скриена агенда за запрашување на населението и природата со отрови и тие не предизвикуваат климатски промени. Ваквите тврдења се категорично отфрлени од научната заедница. Нема никакви докази дека наводните хемиски патеки се нешто различно од нормалните, вообичаени траги од вода кои ги оставаат авионите кои летаат на голема височина под одредени атмосферски услови.

Што се однесува до облаците прикажани на фотографијата во објавата, тие се сосема природни и немаат никаква врска со некакво хемиско прскање.

Вистиномер пребара на Гугл за каков тип на облаци станува збор на фотографијата и го најдовме следното: на фотографијата се прикажани два различни типа на облаци – долните, за кои се тврди дека се природни, се кумулуси (Cumulus) и горните за кои се тврди дека се кемтрејлс, односно вештачки и резултат на некакво прскање, се цируси (Cirrus).

Облаците на високо ниво се јавуваат над околу 20.000 стапки и го добиваат префиксот „циро-“. Поради ниските тропосферски температури на овие нивоа, облаците првенствено се составени од ледени кристали и често изгледаат тенки, шарени и бели (иако низок агол на сонцето, на пр., близу зајдисонце, може да создаде низа бои на облаците).

Трите главни типа на високи облаци се цирус (прикажани на фотографијата што ја анализираме), циростратус и цирокумулус.

Фото: Принтскрин weather.gov

Цирусните облаци се тенки, пердувести и составени целосно од ледени кристали. Тие често се првиот знак за приближување на топол фронт или млазен бран на горното ниво. Во случајов тоа е од топлиот воздух што го испуштаат авионите.

Ниските облаци не добиваат префикс, иако нивните имиња се изведени од „страто-“ или „кумуло-“, во зависност од нивните карактеристики. Ниските облаци се јавуваат под 6.500 стапки и нормално се состојат од течни капки вода или дури и преладени капки, освен за време на студени зимски бури кога ледените кристали (и снегот) сочинуваат голем дел од облаците.

Двата главни типа на ниски облаци вклучуваат стратус, кои  се развиваат хоризонтално, и кумулус (на фотографијата облаците прикажани доле) кои се развиваат вертикално.

Кумулусните облаци изгледаат како меки, бели памучни топчиња на небото.

Значи, нема ништо необично во облаците прикажани на фотографијата. И двата типа на облаци се природни и немаат никаква врска со некакво хемиско прскање, како што тоа сака да го прикаже објавата што ја анализираме.

Не е првпат природни појави на небото да се злоупотребуваат за да се шири теоријата на заговор за кемтрејлс.

Поради сето погоре, објавата ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција