Објавата манипулира дека има протести, хаос и ќе следи вонредна состојба

Станува збор за кликбејт објава која што нема за цел да информира туку да донесе сообраќај на некоја конкретна страница.

Станува збор за кликбејт објава којашто нема за цел да информира туку да донесе зголемен сообраќај на некоја конкретна страница. Кликбејт објавите секогаш користат манипулативни наслови со цел зголемување на посетеноста на веб-страниците, остварување на заработка преку реклами, бидејќи повеќе кликови носат повеќе приходи, притоа се манипулира со внимание за да се натера корисникот да отвори нешто што инаку не би го отворил 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

(Во живо) Дали ќе се прогласи вонредна состојба? Хаос во моментов на протестите, запалени голем број објекти – повеќе на линкот во коментар

Во склоп на објавата, во првиот коментар додаден е кликбејт наслов со истата содржина како и во најавата. Фотографијата што е објавена во постот е таква што не може да се заклучи од каде потекнува, во смисла на тоа во која држава е, но самото тоа што се навестува дека се работи за пренос „во живо“ – се прави висока пресија дека настанот е „толку важен“ што се пренесува во живо, а за дополнително да се испровоцира клик се додава и невистината дека настанот се случува сега, наводно „во овој момент“. Но, објавата е за измислен настан.

Станува збор за кликбејт објава којашто нема за цел да информира, туку да донесе зголемен сообраќај на конкретна страница. Кликбејт објавите секогаш користат манипулативни наслови со цел зголемување на посетеноста на веб-страниците, остварување на заработка преку реклами, бидејќи повеќе кликови носат повеќе приходи, се манипулира со внимание за да се натера корисникот да отвори нешто што инаку не би го отворил.

Исто така, уште една од техниките со коишто се прави обид да се придобие кликот е тоа дека „има хаос на протестите“, наводно исчекување за „прогласување вонредна состојба“ и се известува дека наводно „биле запалени голем број на објекти“. Сите овие формулации во објавата се поставени исклучиво за да ја испровоцираат љубопитноста на граѓаните, како и да креираат кај нив непотребно чувство на итност – дека вонредната состојба само што не е прогласена и дека ако не кликнат на линкот, ќе пропуштат многу важна информација.

Но, линкот не води кон вистинска објава.

Во основа, кликбејтот функционира како мамка. Текст или некаква визуелна презентација се создадени за да предизвикаат силно, моментално внимание. Насловите се со сензационалистички тон, притоа манипулативни формулации и намерно недоречени информации се користат за да го поттикнат читателот да кликне, без оглед на квалитетот или вистинитоста на содржината.

Проблемот се продлабочува кога кликбејтот го нарушува интегритетот на новинарството. Во прв план кај  вистинското етичко новинарство е точноста. Кликбејт содржините создаваат површна медиумска средина во која сензациите доминираат над фактите, а јавната дебата се сведува на плитки реакции, наместо критичка рефлексија.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција