Објавата манипулира дека МВР привело бугарски државјанин затоа што одел на панихида во Скопје

Точно е дека бугарски државјанин бил приведен на граничниот премин „Деве Баир“, но не затоа што одел на панихида, како што тоа сака да го прикаже објавата која ја анализираме, туку затоа што полицијата кај него пронашла боксирач и транспарент со навредлива содржина.

Точно е дека бугарски државјанин бил приведен на граничниот премин „Деве Баир“, но не затоа што одел на панихида, како што тоа сака да го прикаже објавата која ја анализираме, туку затоа што полицијата кај него пронашла боксирач и транспарент со навредлива содржина

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Сопрен и лишен од слобода бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир кој одел на панихида во Скопје.

Точно е дека бугарски државјанин бил приведен на граничниот премин „Деве Баир“, но не затоа што одел на панихида, како што тоа сака да го прикаже објавата што ја анализираме, туку затоа што полицијата кај него пронашла боксирач и транспарент со навредлива содржина.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), инцидентот се случил на 12 јануари околу 13:30 часот. При контрола на влез во земјава, полициските и царинските службеници извршиле детален преглед на патничко возило „хонда џез“ со бугарски регистарски таблички, управувано од 47-годишниот Н. И. Л. При претресот, во возилото биле откриени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.

Лицето било приведено и изведено пред Основниот суд Крива Паланка, од каде што му е изречена парична глоба и „протерување странец од земјата“ во траење од една година.

На 13 јануари во 2:10 часот, Н. И. Л. под полициска придружба бил спроведен до границата и предаден на бугарските погранични служби.

Инаку, на 13 јануари се одбележува годишнина од смртта на Мара Бунева и на овој ден во Скопје вообичаено се одржува панихида во нејзина чест на која присуствуваат Бугари.

Од ова можеме да заклучиме дека на објавата што ја анализираме ѝ недостига контекст.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција