Објавата манипулира со нецелосни податоци за помилувањата на американските претседатели
Табелата со бројот на помилувања на претседатели на САД споделена во објавата, е погрешна и не вклучува голем број помилувања изречени од претходните американски претседатели. Според проверката на факти на thedispatch.com, претседателските помилувања се административно поддржани од Канцеларијата за помилување на Министерството за правда од 1894 година, која води евиденција за сите поединци на кои им е доделено помилување од претседателот. Според податоците на Канцеларијата, Бајден има издадено 65 помилувања и 1.634 ублажувања од преземањето на функцијата – значително повеќе од 238-те помилувања доделени од Трамп, но сепак само петти на листата по бројот на помилувања од сите претседатели од 1900 година
Табелата со бројот на помилувања на претседатели на САД споделена во објавата, е погрешна и не вклучува голем број помилувања изречени од претходните американски претседатели. Според проверката на факти на thedispatch.com, претседателските помилувања се административно поддржани од Канцеларијата за помилување на Министерството за правда од 1894 година, која води евиденција за сите поединци на кои им е доделено помилување од претседателот. Според податоците на Канцеларијата, Бајден има издадено 65 помилувања и 1.634 ублажувања од преземањето на функцијата – значително повеќе од 238-те помилувања доделени од Трамп, но сепак само петти на листата по бројот на помилувања од сите претседатели од 1900 година
Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека актуелниот претседател на САД Џо Бајден направил најмногу помилувања во историјата.
Џо Бајден убедливо на прво место со најмногу помилување на криминалци!, стои во објавата.
Притоа, објавата споделува и некаква табела со претседатели на САД и број на помилувања, во која Бајден е на прво место со 8.062 помилувања.
Табелата, сепак, е погрешна и не ги вклучува големиот број помилувања издадени од претходните претседатели.
Според член II, Дел 2 од Уставот на САД, претседателот може да одобри неколку различни форми на помилување, како што се помилувањата кои целосно го простуваат кривичното дело и ги враќаат граѓанските слободи на една личност; ублажување кои ја намалуваат казната на лицето; и одложувања, кои привремено ја одложуваат или суспендираат казната.
Според проверката на факти на thedispatch.com, претседателските помилувања се административно поддржани од Канцеларијата за помилување на Министерството за правда од 1894 година, која води евиденција за сите поединци на кои им е доделено помилување од претседателот. Според податоците на Канцеларијата, Бајден има издадено 65 помилувања и 1.634 ублажувања од преземањето на функцијата – значително повеќе од 238-те помилувања доделени од Трамп, но само петти на листата по бројот на помилувања од сите претседатели од 1900 година.
Сепак, иако Канцеларијата за помилување евидентира најмногу претседателски помилувања, неjзините податоци не се исцрпни. Неколку претседатели, вклучително и Бајден, издадоа претседателски прогласи за помилување на широки класи на луѓе или дадоа помилувања преку посебни претседателски одбори, од кои ниту еден не е евидентиран од Канцеларијата.
Помеѓу 1974 и 1975 година, на пример, Претседателскиот одбор за помилување на претседателот Џералд Форд даде помилување на повеќе од 6.000 затајувачи и воени дезертери од времето на Виетнам, а во 1977 година, претседателот Џими Картер им даде целосно помилување на стотици илјади Американци кои избегнаа регрутација во Виетнам. Бајден издаде слични сеопфатни помилувања во 2022 и 2023 година давајќи помилување на приближно 6.500 Американци осудени за едноставно прекршување за поседување и користење марихуана. Поседувањето и користењето марихуана денес е легално во 24 држави на САД и оваа бројка псотојано се зголемува.
Додека Бајден даде повеќе помилувања од многу негови претходници – најмногу поради неговите помилувања од 12 декември 2024 година, за речиси 1.500 лица кои беа ставени во домашен затвор за време на ковид пандемијата, неговото користење на претседателските овластувања за помилување не е вон линија со претходните администрации. Ставањето на овие лица во во домашен привтор во периодот на пандемијаta беше дел од закон кој го донесе американскиот Конгрес (CARES Act).
Бајден, сепак, би можел да издаде повеќе помилувања пред да ја напушти Белата куќа на 20 јануари. Според истражувањето на Pew, секој претседател по Форд издал помилувања или промени во последните денови на функцијата.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека на објавата ѝ недостига контекст.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар