Објавата шири невистини дека починал Боки 13
Објавата на која го има логото на веб-страницата Курир.мк алудира дека Бојан Јовановски починал. Вистиномер побара вест со ваков наслов на Курир.мк, но не успеавме да најдеме. Во полето за пребарување го внесовме името на Бојан Јовановски, но ниту една вест поврзана со него не беше како онаа во објавата. Исто така, информација дека нешто страшно му се случило на Боки 13 не најдовме ниту во другите медиуми
Објавата на која го има логото на веб-страницата Курир.мк алудира дека Бојан Јовановски починал. Вистиномер побара вест со ваков наслов на Курир.мк, но не успеавме да најдеме. Во полето за пребарување го внесовме името на Бојан Јовановски, но ниту една вест поврзана со него не беше како онаа во објавата. Исто така, информација дека нешто страшно му се случило на Боки 13 не најдовме ниту во другите медиуми
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Земјата е во шок! Ова е вистински скандал!
Под објавата е споделена црно бела фотографија од шоуменот Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и зад него стојат свеќи.

На фотографијата стои следниот натпис:
Ќе ни недостига… Се дозна за судбината на Бојан Јовановски. Никој не го очекуваше ова.
Вака пласирана објавата укажува на тоа дека Боки 13 можеби починал.
Објавата има копче „Дознај повеќе“, но кога ќе кликнете на него ве носи на страница која не се отвара. На објавата го има и логото на веб-страницата Курир.мк за да делува како вест објавена од овој медиум.
Вистиномер побара вест со ваков наслов на Курир.мк, но не успеавме да најдеме. Во полето за пребарување го внесовме името на Бојан Јовановски, но ниту една вест поврзана со него не беше како онаа во објавата.
Исто така, информација дека нешто страшно му се случило на Боки 13 или дека тој починал, како што сака да прикаже објавата, не најдовме ниту во другите медиуми.
А ако тој навистина починал, сигурно ќе имаше објавено вест во медиумите. Очигледно е дека станува збор за измама и лажна вест со цел да се соберат што е можно повеќе интеракции, допаѓања, коментари и споделувања.
Вакви и слични објави имаше неодамна на социјалната мрежа Фејсбук, за што Вистиномер веќе пишуваше, во кои се злоупотребуваа имиња и фотографии од јавни личности со цел да се намамат граѓаните да вложуваат во криптовалути.
Не е првпат преку вакви морбидни лажни вести во кои се злоупотребуваат имињата на јавни личности, да се мамат граѓани за да се соберат, на пример, нивни лични податоци или да се „олеснат“ нивните сметки. Вистиномер пишуваше за еден таков случај со аналитичарот Петар Арсовски, за кој исто така се ширеше лажна вест дека починал. Граѓаните мора многу да внимаваат на какви вести кликаат, за да не наседнат на измамите.
Поради сето наведено, објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар