Објавата шири теории на заговор за Земјата, Месечината, вонземјани и сатанисти
Објавата шири неколку теории на заговор кои досега се дебанкирани, како онаа за некакви сатанисти од длабоката држава, дека стапнувањето на човекот на Месечината било лажно и креирано со помош на компјутерски ефекти, дека Земјата е рамна плоча и слично.
Објавата шири неколку теории на заговор кои досега се дебанкирани, како онаа за некакви сатанисти од длабоката држава, дека стапнувањето на човекот на Месечината било лажно и креирано со помош на компјутерски ефекти, дека Земјата е рамна плоча и слично. На пример, многу лесно може да се докаже дека Земјата не е рамна. Библиотеката на НАСА, е преполна со фотографии од Земјата направени од Меѓународната вселенска станица на кои се гледа обликот на Земјата. Освен НАСА, и Русија има слики од тркалезната Земја, а такви фотографии имаат направено и јапонската вселенска агенција и Кина
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
OD 2020 GODINA MNOGU LAGI OD SITE SFERI NA OPŠTESTVENIOT ŽIVOT, ORGANIZIRANI I SPROVEDENI OD SATANISTITE “DLABOKATA DRŽAVA” I NIVNATA KORUMPIRANA, SMRDLIVA “MREŽA” VO CELIOT SVET, SE IZLEZENI NA VIDELINA, A OSOBENO VO MEDICINATA, NAVODNOTO PATUVANJE VO VSELENATA (VO MESEČINATA…), NAVODNOTO EGZISTIRANJE NA VONZEMJANI I VONZEMJANSKITE LETEČKI OBJEKTI, MNOGUTE TERORISTIČKI NAPADI I VOJNI… KAKO I DEKA ZEMJATA E NAVODNO OKRUGLA !!!
VONZEMJANI NE POSTOJAT. TIE SE MODIFICIRANI “SUŠTESTVA”, SOZDADENI SO MEŠANJE NA DNK FAKTOROT NA POVEĆE “VIDOVI” NA LUĐE I ŽIVOTNI. ISTITE SE ČUVANI NA BEZBEDNI, STROGO TAJNI MESTA, KAKO I VO DRUGI KONTINENTI, KOI SE NAOĐAAT POZADI VISOKIOT LEDEN OBRAČ NA POZNATITE SEGAŠNI KONTINENTI VO ZEMJAVA.
TIE MODIFICIRANI “SUŠTESTVA”, ODNOSNO NAVODNITE RAZNOVIDNI VONZEMJANI, KAKO I RAZLIČNITE LETEČKI OBJEKTI, KOI ŠTO SE NAPRAVENI (VRZ OSNOVA NA IZGOTVENITE PROEKTI NA NIKOLA TESLA), UPRAVUVANI OD “LUĐE-PILOTI”, SE KORISTAT ZA ZAPLAŠUVANJE NA ČOVEŠTVOTO…
Објавата шири неколку теории на заговор кои досега се дебанкирани, како онаа за некакви сатанисти од длабоката држава, дека стапнувањето на човекот на Месечината било лажно и креирано со помош на компјутерски ефекти, дека Земјата е рамна плоча и слично.
Теоријата на заговор за некакви си сатанисти, на некоја длабока држава и за некаков план за депопулација е добро позната теорија за која Вистиномер има пишувано во повеќе наврати и истата е производ на движењето Кју Анон. Според оваа теорија, една мала недефинирана група на политичари раководат со светот и му мислат лошо на мноштвото од населението, заговараат депопулација и се бават со педофилија.
Според описот на Белингкет (bellingcat.com), Кју Анон е теорија на заговор којашто лажно тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп долго работи на тоа да ги победи „сатанистите, педофилите, длабоката држава и кабалата“ (често употребувани зборови во наративите на промоторите). Освен во САД, проширена е во многу држави и од неа се создадени други опасни наративи, како на пример, оние што ги шират антиваксерите. Следбениците на Кју Анон остануваат активни и во теориите на заговор кои се однесуваат на Украина, пишува Белингкет.
Што се однесува до тврдењето во објавата дека Земјата е „наводно округла“, многу лесно може да се докаже дека таа не е рамна.
На пример, библиотеката со фотографии на НАСА, е преполна со фотографии од Земјата направени од Меѓународната вселенска станица на кои се гледа обликот на Земјата. Освен НАСА, и Русија има слики од тркалезната Земја, а такви фотографии кои ја побиваат теоријата дека Земјата е рамна имаат направено и јапонската вселенска агенција и Кина.
Мислењето дека Земјата е сфера било целосно потврдено уште од античките грчки филозофи како Аристотел (384–322 п.н.е.), кој добил емпириски докази откако патувал во Египет и видел нови соѕвездија. Доказ дека Земјата не е рамна е и фактот што различни локации на Земјата имаат различни годишни времиња во ист период. Кога во САД е лето, во Австралија е зима. Или кога во Италија е зима, во Аргентина е лето. Тоа е затоа што сончевите зраци, кои се речиси совршено паралелни, удираат на Земјата под различни агли. Кога Земјата би била рамна, сончевите зраци секогаш би биле под ист агол, што значи дека САД, Австралија, Италија и Аргентина би ги имале истите годишни времиња во ист период. Освен тоа, зајдисонцето и изгрејсонцето се случуваат во различни периоди во зависност од вашата географска должина, што потврдува дека Земјата не е рамна. Кога би била рамна, тогаш некој во Њујорк и некој во Лос Анџелес би го виделе Сонцето како изгрева и заоѓа во исто време. Н, во пракса, разликата е приближно три часа.
НАСА пишува дека индиректни докази дека Земјата има округла форма постоеле подолго време, но фотографски доказ недостасуваше до 20 век.
Античките Грци верувале дека земјата е тркалезна и го пресметале нејзиниот обем со неверојатна точност. Со придобивката на авијацијата, фотографите можеа да достигнат висини од кои може да се сними заобленоста на Земјата. Со ракети и вселенски летала кои враќале на Земјата фотографии од големи растојанија од Земјата, можевме да ја гледаме Земјата како мала сина оаза. Благодарение на овие фотографии добивме подобро разбирање за Земјата и нашето место во универзумот, пишува НАСА.
Понатаму, објавата тврди дека патувањето до Месечината било „наводно“, односно измислено. НАСА успеа да стигне до Месечината во 1969 година.
Мисијата се викала „Аполо 11“ и нејзината главна цел била да комплетира национална цел, поставена од претседателот на САД Џон Ф. Кенеди на 25 мај 1961 година, односно да изведе слетување на Месечината и да се врати на Земјата. Иако претседателот Кенеди не доживеал да го види историскиот настан, мисијата ја исполнила својата цел во јули 1969 година кога „Аполо 11“ ги спуштил првите луѓе на Месечината и безбедно ги вратил на Земјата.
„Аполо 11“, на 16 јули 1969 година, тргнал од Кејп Кенеди предводена од командирот Нил Армстронг, пилотот Мајкл Колинс и пилотот Едвин Баз Олдрин. Околу 650 милиони луѓе го гледале Армстронг во директен пренос на телевизија како го опишува настанот како „мал чекор за човекот, а голем чекор за човештвото“ на 20 јули 1969 година. Кога ракетата била испратена во вселената, тоа станало светски настан. Ричард Никсон, кој тогаш бил претседател, го гледал настанот од Белата куќа додека ракетата се кревала.
Армстронг и Олдрин поминале 21 час и 36 минути на површината на Месечината.
Исто така, според објавата тврдењата дека има вонземјани не се точни, бидејќи тоа биле модифицирани суштества создадени со мешање на ДНК факторот на повеќе видови луѓе и животни. А истите, биле чувани на безбедни места на други континенти?!
Нема докази дека постојат вонземјани, но Вселената е огромна – има милијарди галаксии, секоја со милијарди ѕвезди и планети. Затоа научниците сметаат дека е веројатно некаде да постои живот, барем во едноставна форма (на пр. бактерии). Досега не е пронајден директен доказ за вонземски живот или интелигентни цивилизации. Се прават истражувања: барање микроби на Марс, испитување на месечините како Европа и Енцелад, и слушање радио-сигнали од вселената (SETI).
Значи, научно – не знаеме, теоретски – можно е, докази – засега нема.
Така што и овој дел од објавата не е ништо друго освен ширење на теории на заговор.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме, е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар