Објавата споделува фотошопирана фотографија од наводно бугарски пасош на министерот Николоски
Фотографијата на која наводно е прикажан бугарскиот пасош на Николоски, од авион се гледа дека е фотомонтажа, односно дека ликот на Николоски е само залепен на документот кој треба да прикажува бугарски пасош
Фотографијата на која наводно е прикажан бугарскиот пасош на Николоски, од авион се гледа дека е фотомонтажа, односно дека ликот на Николоски е само залепен на документот кој треба да прикажува бугарски пасош
Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од наводно бугарски пасош на министерот за транспорт Александар Николоски.
Браво за патријотите на батерија, стои во објавата.
Фотографијата на која наводно е прикажан бугарскиот пасош на Николоски, од авион се гледа дека е фотомонтажа, односно дека ликот на Николоски е само залепен на документот кој треба да прикажува бугарски пасош.
На овој документ, од она што може да се види на фотографијата, е испишано името на извесен Силвестер Енцио Сталоун. Името потсетува на името на холивудскиот глумец Силвестер Сталоне.
Пред четири години, како што објави тогаш Еурактив, бугарска криминална банда користела лажен пасош на име на холивудскиот актер Силвестер Сталоне за да ги рекламира своите услуги за фалсификување на потенцијални клиенти.
Четворица членови на бандата беа обвинети за кривични дела поврзани со фалсификување, а двајца други мажи беа обвинети за други кривични дела, соопшти бугарското обвинителство.
Пасошот на име на Сталоне – кој му дава бугарско државјанство на актерот од „Роки“ – беше пронајден при претрес на домовите на еден од членовите на бандата во централниот град Пловдив.
Токму овој лажен пасош е искористен и во објавата што ја анализираме и на него е залепена фотографија од ликот на министерот Николоски.
Николоски во 2021 година, како тогашен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во една прилика јавно демантираше дека има бугарско државјанство.
Јас друго државјанство освен МАКЕДОНСКО немам! Ама Заеви фирми во Бугарија ИМААТ!, напиша Николовски по објавата на тогашниот бугарски вицепремиер Красимир Каракачанов дека некои македонски политичари имаат бугарски пасош.
Објавата можеби со фотографијата имала за цел да се пошегува, бидејќи повеќе од очигледно е дека станува збор за фотомонтажа, но некои од следбениците, судејќи според коментарите, навистина поверувале дека тоа е бугарскиот пасош на Николоски.
Во тој случај, објавата требала да напомене дека станува збор за шега, што не е направено.
Поради тоа, објавата ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар