Објавата за „новото правило на Фејсбук“ е стара невистина

Од утре, или од следните денови не почнува никакво ново правило со коешто Мета на некаков поинаков начин од оној што се спроведувал досега, би ги користел вашите фотографии. 

Од утре, или од следните денови не почнува никакво ново правило со коешто Мета на некаков поинаков начин од оној што се спроведувал досега, би ги користел вашите фотографии

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Не се согласувам! Убава недела за сите вас. Здраво. Официјално е. Потпишано во 23:59 часот. Дури дојде и на телевизија. Мојот навистина стана сино. Не заборавајте, утре почнува новото правило на Фејсбук (ака… ново име МЕТА) каде можат да ги користат вашите фотографии. Не заборавајте дека рокот е денес!!! Не давам дозвола на Facebook или на која било компанија поврзана со Facebook да ги користи моите минати и идни фотографии, информации, пораки или објави. Со оваа изјава го известувам Фејсбук дека строго е забрането објавување, копирање, дистрибуирање или преземање какви било други активности против мене врз основа на овој профил и Кршењето на приватноста може да се казни со закон. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Фејсбук сега е јавен субјект. Сите членови мора да објават ваква белешка. Кој сака може да ја копира и залепи оваа верзија. Ако не објавите изјава барем еднаш, премолчено ќе дозволите употреба на вашите фотографии, како и информации во објавите на профилот и статусот. НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ. Копирај и залепи. Еве како функционира: Држете го прстот каде било во оваа порака и ќе се појави копијата. Кликнете на копчето за копирање. Потоа одете на вашата страница, креирајте нова порака и ставете го прстот каде било во празното поле. Ќе се појави „Залепи“ и кликнете на Paste. Ова ќе го заобиколи системот…. Кој ништо не прави се согласува.

Објавата повеќепати низ минатиот период повремено и периодично се појавува на социјалната мрежа Фејсбук, со најава дека истата се споделува како „пост за заштита“ од некакви нарушувања на правата од страна на Мета и Фејсбук. Но, Фејсбук и Мета многу децидно и транспарентно ги имаат регулирано опциите за приватност за корисниците, како и правата и обврските. Сето тоа е јавно достапно за сите корисници кои имаат Фејсбук профили. Наспроти изнесеното во објавата, ништо од неа не се нашло на ниедна телевизија деновиве, затоа што никакви промени Фејсбук нема направено во врска со начинот на користење на фотографиите.

Корисниците на Фејсбук или на која било друга платформа која е во сопственост на Мета, не може да направат никакви промени на нивните права под политиките на компанијата, само со постирање на статус на нивните профили. За повеќе информации за политиките на Мета во врска со корисничките податоци и фотографии, погледнете го следниот линк, каде се наведени условите за користење.

Од утре, или од следните денови не почнува никакво ново правило со коешто Мета на некаков поинаков начин од оној што се спроведувал досега, би ги користел вашите фотографии.

Фејсбук го интересираат податоците за вашата возраст, пол, брачен статус, поради тоа што тие податоци подобро му помагаат да ги пласира рекламите кај своите корисници зависно од нивните преференци.

Кога ќе објавите нешто на Фејсбук, вие продолжувате да ги имате правата на интелектуална сопственост за која било содржина што ќе ја креирате или споделите вклучително и врз фотографиите. Но, со согласувањето на условите за користење и креирањето на Фејсбук профил ѝ давате на компанијата лиценца да го користи она што го споделувате на одредени специфицирани начини,  зависно од вашата сетирана приватност.

Во таа смисла, ако споделите фотографија на Фејсбук, со тоа му давате на Фејсбук дозвола да ја копира и да ја сподели со други. Ова секогаш е во склад со тоа што сте го подесиле во вашите подесувања за приватност. Ако ја избришете содржината, автоматски ја укинувате и дозволата што сте му ја дале на Фејсбук да ја копира содржината и да ја споделува со други.

Уште во 2012 година оваа порака во објавата што ја рецензираме се појави на социјалните мрежи, иако политиките и приватноста за користење на социјалната мрежа Фејсбук се исти!

Иако нашето име се промени, продолжуваме да ги нудиме истите производи, вклучително и Фејсбук апликацијата од Мета. Нашата политика за услови за користење останува иста и ефективна, а промената на нашето име не афектира како ги користиме или споделуваме податоците. Вие имате права на интелектуална сопственост за секоја содржина која ја креирате и споделувате на Фејсбук, Ништо во овие услови не ви ги одзема правата што ги имате врз вашите содржини. Вие сте слободни да ги споделувате вашите содржини со другите, каде и да сакате, велат од Фејсбук.

И покрај тоа што корисниците имаат права врз своите содржини, сепак, со пристапувањето на мрежата тие на Фејсбук му даваат одобрение да прави некои работи со тие содржини и на тоа се имаат согласено при креирањето на профилот.

Кога споделувате, постирате или објавувате содржина која е покриена со правата на интелектуална сопственост ни давате неексклузивна, пренослива, слободна од ројалти и светска лиценца да ги хостираме, користиме, дистрибуираме, модифицираме, копираме, јавно да ги објавуваме, преведуваме и да креираме изведени работи од вашата содржина (конзистентно со вашите опции сетирани за приватност), пишува во правилата за користење.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција