Воведување на механизам со кој институциите ќе вршат периодично тестирање на знаењето на јавните службеници, со соодветно влијание на нивните бенефиции.
Воведување на можност за функционирање на посебни менаџерски тимови во состав на кабинетите на министрите, со однапред дефиниран буџет. Оваа мерка опфаќа креирање на менаџерски тимови кои нема да бидат државни службеници, туку стручни лица…
Оваа мерка опфаќа сертифицирање на државната администрација со сертификатот European Computer Driving Licence (ECDL). Целта на мерката е да им се обезбедат поквалитетни ИКТ-вештини на државните службеници кои се поврзани со нивната…
Воведување на систем за задолжително трансферирање и примена на стекнатото знаење од учесниците на меѓународни обуки, семинари и конференции, на останати јавни службеници од истата институција.
Утврдување на правила за договори за вработување на определено време во јавната администрација преку измени на Законот за државните службеници во оваа област.
Трансформирање на вработувањата на определено време во вработувања на неопределено време т.е. државни службеници, во сите институции и случаи каде постои оправданост и потреба за тие работни места.
Реформа на системот на плати за јавниот сектор. Донесување и примена на нов Закон за плати во јавниот сектор, со прецизно дефинирање на системот на плати, коефициентите за сложеност на работните места, начинот на унапредување и зголемување…
Воведување „Топ-менаџмент“ во системот на јавна администрација. Изготвување на стратегија за обука на највисоко раководно ниво, каде што сите функционери од државните институции редовно ќе посетуваат обуки од поглавјето за финансиско…
Ги предвидуваме следните мерки и активности: Подобрување на квалитетот на подготовка на Годишната програма за работа на Владата на Република Македонија преку воведување на писмени процедури за изготвување на годишна програма за работа во…
Во секоја институција ќе се воведат пунктови каде што граѓанинот ќе го искаже своето позитивно или негативно мислење за функционирањето на институциите, а Министерството за информатичко општетво ќе прави месечна анализа и ќе ја информира…
Воведување на единствен телефонски број за односи со граѓаните, а во однос со административните постапки во институциите. Граѓаните нема да мора повеќе да бараат која државна институција е одговорна за потребната услуга, туку преку овој…
Овој проект опфаќа понатамошен развој на системот за интероперабилност, каде што сите 138 документи и 60 услуги што ги издаваат државните институции за потребите на граѓаните ќе бидат достапни преку Интернет. Со користење на дигитален…
Воведување на „барометар за квалитет“ со ИТ-поддршка – систем за постојано мерење на задоволството на корисниците од административните услуги, преку кој ќе се оценуваат самите институции во однос на задоволството од граѓаните при издавањето…
Активно вклучување на граѓаните, бизнисите и невладините организации со предлози за поедноставување на постапките во администрацијата преку веб-портал. Со ова ќе се изготват инструменти за редовна проверка на предлозите и ќе се овозможи…
Воведувањето на овој модел во сите институции започнува веднаш. Граѓанинот задолжително треба да биде услужен без разлика дали се обратил на вистинското место и во вистинската канцеларија. Вработениот во таа канцеларија е должен да му…
Проектот предвидува воведување на систем за непосредно изразување на задоволството на граѓаните од добиените услуги од државните институции. Пред секој шалтер ќе се инсталира мал уред каде што граѓанинот ќе може директно да го оцени…
Ресорното министерство кое предлага одлука (закон, уредба итн.) до Владата детално ќе известува за административниот товар при што ќе се отстрани секое непотребно оптоварување. Ќе им се овозможи на граѓаните директно да се вклучат во…
Институциите во државната управа ќе се автоматизиираат и модернизираат со примената на информатичките и на комуникацииските технологии со цел да прераснат во ефикасни и транспарентни институции. Повеќе нема да има скриени предмети по фиоки.…