Обновена е атлетската патека на спортскиот центар во Кавадарци

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев во кампањата за локалните избори (октомври 2017 година),  во рамки на реконструкција на спортскиот центар „Јасмин“  вети и:

Обновување на трим патеката на СЦ „Јасмин“

 [Извор: Прес24 (Ветени проекти  Митко Јанчев за локалните избори 2017  во Кавадарци, датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Изборното ветување на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев за обновување на атлетската патека во спортскиот центар „Јасмин“, е исполнето.

Во текот на 2018 година  направено е  асфалтирање на атлетската патека, оградување на спортскиот центар и поставено е ново јавно осветлување на теренот и на трим патеката.

Атлетската патека од надворешната страна е обрабена со нови ивичници, а земјената подлога  е заменета со асфалт со дебелина од 5 см на вкупна површина од 3.150 метри квадратни. Покрај асфалтирањето на атлетската патека, проектот опфати  нејзино проширување на делницата од 100 метри, како и ревитализација на јавното осветлување. Во рамките на овој проект извршена е целосна замена на подземната нисконапонска мрежа на постојните 14 столбови поставени околу атлетската патека.

Информации и фотографии за ова се објавени во дел од медиумите и на веб-страницата на Општина Кавадарци.

Обновувањето на атлетската патека во спортскиот центар „Јасмин“ се споменува и меѓу реализираните проекти во Отчетот (стр.3) на градоначалникот Јанчев за две години од неговиот мандат. За реконструкцијата на овој спортски објект е наведено:

Теренот на СЦ Јасмин доби нов лик. Извршено е асфалтирање на патеката, оградување на комплексот и целосно ново осветлување. 

 

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција