Обновени конаците на Бигорскиот манастир
Проект: РЕКОНСТРУКЦИЈА И САНАЦИЈА НА МАНАСТИРОТ „СВ. ЈОВАН БИГОРСКИ“
Во завршна фаза се реконструкцијата и санацијата на манастирот „Свети Јован Бигорски“, кој е еден од најзна- чајните и највредните споменици на културата од 11 век. (Рок: 2014 ГОДИНА)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Во април 2015 година во манастирот „Свети Јован Бигорски“ беа осветени новоизградениот конак Источен палат и возобновениот конак Горни палат, кои беа изгорени во големиот пожар во 2009 година. Ова е исполнето ветување на ВМРО-ДПМНЕ дадено во изборната програма „Проверено“ (2014-2018) во делот „Поквалитетен живот за сите (Култура и уметност стр.329).
На 26 април 2015 година беа осветени конаците на Бигорскиот манастир кои настрада во пожарот. На настанот беа присутни претставници на државниот врв: претседателот Ѓорѓе Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељановски и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска. На корисна површина од 7.600 метри квадратни, колку што зафаќаат Источен и Горни палат, распоредени се педесетина монашки ќелии, магерницата, големата трпезарија, галеријата со икони, подрумските простории, великиот и малиот синодикон, гостинскиот архондарик, манастирската амбуланта, книгохранителницата, манастирската кула и други функционални простории.
На 30 септември 2009 година во пожар што избувна рано изутрината во 4 часот и 30 минути до темел изгоре стариот палат на манастирот „Св. Јован Бигорски“. Целосно беа опожарени конаците, трпезаријата и библиотеката. Монасите успеале да ги спасат од огнената стихија поважните предмети кои биле во опожарените објекти. Во манастирот беа испратени пет противпожарни возила од Гостивар, Кичево и Дебар и еден хеликоптер.
Врс основа на испитувањата на состојбата на терен кои ги спроведоа повеќе институции беше изработен Проектот за реконструкција на Бигорскиот манастир, кој како што тогаш информираа медиумите, помина низ повеќе комисиски филтри во Националниот конзерваторски центар, како и надворешни консултанти. Првичните предвидувања беа дека обновата на Горни палат ќе трае две години, но неговата реконсструкција се развлече до пролетта 2015 година.
Реконструкцијата на манастирот „Свети Јован Бигорски“ се споменува во реализираните проекти во Отчетот за реализација на програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија” (стр.365)
ИЗВОРИ:
- Извор: Проверено – Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ (2014-2018)„Поквалитетен живот за сите (Култура и уметност стр.329) [Пристапено: 03.08.2016]
- Отчетот за реализација на програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” (стр.365) [Пристапено: 14.06.2016]
- Тајм.мк (26.04.2015):Во „Св. Јован Бигорски“ осветени конаците Горни и Источен Палат [Пристапено: 03.08.2016]
- Билд (26.04.2015): Во „Св. Јован Бигорски“ осветени конаците Горни и Источен Палат [Пристапено: 03.08.2016]
- Билд (25.05.2010): Бигорскиот Манастир ќе се подигне од пепелта [Пристапено: 03.08.2016]
- Радио Слободна Европа (30.09.2009): Изгоре стариот палат на „Св. Јован Бигорски“ [Пристапено: 03.08.2016]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар