Фото: Фото: Принтскрин од видеото на ДУИ

Менувањето на ветувањата, незатворањето на „Мегавин“ и новиот предлог -закон предизвикаа жесток политички судир, при што опозицијата предводена од ДУИ започна контранапад, обвинувајќи го ВЛЕН за предавство и иронично  етикетирајќи го Меџити како „Изет Мегавин Меџити“. ДУИ тврди дека казината го прошируваат својот бизнис во Чаир и дека новите назначувања во одборите на Државната лотарија имаат за цел да ги контролираат парите од коцкањето, а не елиминирање на коцкањето.

Опозицијата, исто така, обвинува дека овој предлог – закон не предвидува суштинско решение за проблемот, туку само површно го прикрива. Според нив, казината имале отворени врати насекаде и се отвараат насекаде без да мора да изберат локација.

Пратеникот од Алијансата за Албанците (АА), Елми Азири, за Порталб.мк, изјави дека тие како политичка партија двапати до Собранието поднеле предлог-закон за игрите на среќа, со кој се предвидува целосно отстранување на игрите на среќа од населбите и нивно дислоцирање во хотели со пет ѕвезди.

Ова е моделот за кој веруваме дека е најдобар за отстранување на игрите на среќа од нашите домови и од нашите деца. Но, за жал, и во двата пати што ги предложивме, нашиот предлог не беше прифатен, и во текот на претходниот законодавен состав и во текот на овој законодавен состав. Мислам дека примерот на Косово и Албанија е меѓу најдобрите примери за решавање на проблемот со казината, рече Азири.

„Овој предлог-закон, таков каков што е во моментов, не го решава проблемот со казината, туку само површно ќе го покрие проблемот“, истакна Азири на крајот.

Тој додаде дека откако Косово и Албанија целосно ги искоренија казината, нашата земја се претвори во „депонија“ од казина, кои што се отворија на секој агол и ги трујат нашите млади луѓе.

Џемал Абдиу, од Движењето против коцкање, за Порталб.мк изјави дека внимателно ги следат случувањата во врска со законот за казината. Тој рече дека Движењето против коцкање и понатаму е на ставот дека казината треба да бидат оддалечени три километри од населените места.

Досега ова прашање беше дел од политичките дебати, а партиите дадоа големи ветувања и ласкави зборови за затворање на казината. Движењето против коцкањето ја следи ситуацијата со посветеност и во наредните денови, по анализата на предлог-законот ќе излеземе со попрецизен став во врска со овој предлог-законрече Абдиу.

Легалните игри на среќа секоја година носат повеќе од 350 милиони евра добивка

Скриен предизвик за ВЛЕН е и замената на буџетските приходи што доаѓаат од индустријата на игри за среќа. И додека во Албанија беше одлучено приходите од релегализираното обложување да се употребат за социјални проекти, во Македонија сè уште нема јасен план како да се покрие финансиската „дупка“ што може да се создаде со затворањето на 50% од објектите.

Здружението „Сакам да работам (Дуа те пуној)“, кое ги претставува вработените во овој сектор, предупреди дека предложените решенија би можеле да доведат до затворање на легалните објекти и губење на илјадници работни места.

Тие веруваат дека предвиденото растојание од 500 метри е „целосно нефункционално“ и предупредуваат дека ова може да доведе до затворање на легалните објекти и  префрлувањње на дел од активноста кај нелегалните канали.