Од половична информација до медиумска возбуда за јапонските цреши

Една  половична информација за отстранувањето на јапонските цреши на улицата „Максим Горки“ во центарот на Скопје ги возбуди социјалните мрежи каде корисниците побрзаа да напишат дека дрвјата се сечат без никаква причина и без најава. Атмосферата дополнително се вжешти откако ваквиот наратив експресно го прифатија и повеќе портали (Дојде крајот на Јапонските цреши на Максим ГоркиОпштина Центар ги исече јапонските цреши во центарот на Скопје, револтот кај граѓаните се повеќе расте (ФОТО) Вандализам на улицата Максим Горки – исечени 14 дрвца (галерија)свесно туркајќи ја „топката“ со нецелосната информација, создавајќи на тој начин уште поголем гнев во јавноста поради ваквата постапка на градските власти. 

За што всушност станува збор? 

Утринава на  улицата „Максим Горки“  се исечени 14 јапонските цреши од страна на екипите на ЈП „Паркови и зеленило“. Од Град Скопје соопштија дека се работи за  целосно суви јапонски цреши,  од едната страна на улицата кои не можеле да бидат спасени  поради габична инфекција. Градот Скопје во понеделник на нивно место ќе засади 18 нови јапонски цреши и ќе го обнови дрворедот на ова улица во централното градско подрачје. 

Сакаме да нагласиме дека дрвјата беа целосно исушени поради габични заболувања и без можност да бидат спасени. Во овој контекст, минатата година општина Центар апелираше до компаниите на оваа улица кога ги мијат објектите да не истураат вода со хемикалии во дрвјата. Дрвјата во состојбата во која што се наоѓаа претставуваа опасност по безбедноста на минувачитесе вели во соопштението на Град Скопје. 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција