#Одговорност е да нема улички на смртта!

 

 

Брзата помош и пожарната не можат да пристапат низ тесните улички во неколку градски населби како скопски Чаир, тетовските и кумановските населби. Жалбите на граѓаните кои се во ризик се многубројни, затоа што во случај на катастрофи самите тие се оштетените.

Возилата за интервенција не можат да пристапат до некои од овие улици и поради тоа болни лица не добиваат соодветна медицинска помош, но и поголеми се материјалните штети при пожари. Некаде и цели куќи или цели згради горат до темел.

Да беше улицата поширока можеби ќе можевме да спасиме нешто од куќата.“ Со овие зборови ја почнува приказната г-ѓата од населбата Дуќанџик во општина Чаир, од семејството кое остана без куќа подолго време поради голем пожар. Пожарникарите тогаш изјавија дека тесната улица ги спречила да дејствуваат навреме и затоа домот им изгоре до темел, а загрозени беа и околните куќи.

Сте виделе колку градби се заградени? Сте виделе некаде паркинзи? Ова е причината заради која улиците се неупотребливи и нема место за премин на колите, а да не зборуваме за брзата помош или пожарната, рече Блерим Тахири, тамошен жител.

Општината не превзема мерки, жителите градат како што ним им одговара. Еден мој сосед додаде уште две соби, со што ја окупирал и улицата која им припаѓа на сите. Зошто општината не ја запре изградбата? Хаосот доаѓа од двете страни, и од граѓаните и од институциите, изјави Рамадан Бектеши, жител од Чаир.

Истото се случува и во Тетово, раководителот на пожарната единица, Ука Алити, нагласи дека ова е вонредна слика и дека со секое нивно доцнење, зависи животот на луѓето и штетате  се големи.

Сокаците и уличките  имаат непристапна инфраструктура која го попречува слободното движење, посебно во итни случаи. Проблемот се зголемува и поради недостигот на паркинзи околу зградите и куќите со што граѓаните се принудени да паркираат по улици.

Од општина Чаир за Portalb.mk изјавија дека ова прашање е проблематично бидејќи жителите се‘ повеќе градат диви градби и со тоа улиците се непристапни.

Ова прашање е проблематично затоа што жителите додаваат соби без дозвола и одобрение од општината. По завршувањето на постапката за легализација на градбите, ќе се процесираат барањата на граѓаните и ќе се превземат мерки со што овој проблем на пристапност ќе се реши,  рекоа за „Порталб“ од секторот за урбанизам во општина Чаир.

Граѓаните се оштетени поради нефункционирањето или селективната примена на Законите од страна на надлежните од општината, бидејќи нема санкционирање на дивоградбите кои зафаќаат делови од улица. Ниту пак има нови инвестиции во паркинг места кои ќе овозможат пристапност на улиците во итни случаи.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција