#Одговорност е издавање функционални здравствени картички
Огромниот проект за електронските картички имаше за цел да ги замени постоечките здравствени книшки со електронски картички што би функционирале со посебен електронски систем, меѓутоа тоа не се случи и проектот пропадна.
Електронските картички веќе неколку години се користат само наместо сините картони, а Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) неколку пати ги има пречекорено роковите за изработка и издавање на картичките, но не е развиен ниту електронскиот систем, преку кој сите тие би биле поврзани.
Првично, проектот за електронските здравствени картички беше промовиран од страна на министерот за здравство, Бујар Османи, во 2008 година и според планот требаше да бидат издадени 2,3 милиони здравствени картички кои што буџетот ќе го чинеа 7,5 милиони евра. Во недостаток на нови информации кои што Фондот ги премолчува, до јуни 2016, се издадени 1 милион и 650 илјади картички.
Ако обработката на една здравствена картичка чини 3,2 евра, како што тогаш информираа од Фондот, досега се потрошени 5,28 милиони евра од државниот буџет за нефункционални картички. Пациентите во болница одат со книшка и сини картони, но и тие кои што имаат функционални картички, сепак со себе треба да ја носат и здравствената книшка.
Граѓаните продолжуваат да се жалат дека платиле за џабе, бидејќи овие картички, во ова форма, според нив, беа непотребни.
Здравствените електронски картички, за џабе потрошени милиони!
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар