#Одговорност е јавен увид во анкетните листови на функционерите
Минатата година на адреса на Комисијата за спречување на корупоција стасале 552 анкетни листови по избор и именување на функција, а во истиот период добиени биле 404 пријави за промена на имотната состојба.
Експертите велат дека достапноста до анкетниот лист на поранешните функционери е непоходна бидејќи само така јавноста може да направи споредба дали и колку се променила имотната состојба пред и по стапување на функција.
Сепак Комисијата не го објавува последниот анкетен лист со образложение дека станува збор за „лични податоци, заштитени со закон“. Таков беше примерот со екс премиерот Никола Груевски кој ДКСК неговиот имотен лист по оставката од премиерската функција го оцени за приватен. Токму, пак, тој последен анкетен лист за имотот, треба да ја даде финалната слика за тоа колку богати си заминуваат функционерите кога ја напуштаат функцијата.
Законот за спречување корупцијата предвидува дека секој избран или именуван функционер е должен да пополни анкетен лист со имотот на неговото семејство во рок од 30 дена по стапувањето на функцијата, и потоа уште еден анкетен лист, 30 дена по престанокот на функцијата. Законски е предвидено да се пријави и секоја промена во имотната состојба што настанала во меѓувреме.
Овие законски одредби се направени со цел да се види доколку кај извесен функционер има несразмерно зголемен имот во однос на буџетската плата што ја зема.
Последниве години, ниту Управата за јавни приходи ниту пак, Антикорупциската комисија, немаат отворено случај за несразмерно зголемување на имотот на одреден функционер.
- Секој избран или именуван функционер е должен да пополни анкетен лист
- Комисијата не го објавува последниот анкетен лист на функционерот со образложение дека станува збор за „лични податоци, заштитени со закон“.
- Минатата година на адреса на Комисијата за спречување на корупција стасале 552 анкетни листови
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар