#Одговорност е шахти со капаци
Тоа што годишно во отворени шахти пропаѓаат и се повредуваат по десетина деца и возрасни граѓани или, пак, страдаат возилата како да не е доволна причина локалната власт и полицијата посериозно да се позанимаваат со ова.
Не само пешаците, туку и возила завршуваат во отворените шахти кои станаа секојдневна слика присутна, буквално, на секој чекор во градот. Од ЈП „Водовод и канализација“ постојано велат дека со оглед на тоа дека металните капаци се крадат, а потоа се продаваат како старо железо, се бараат и други решенија тие да бидат изработени од материјал кој нема да им користи на крадците.
Во повеќето случаи не се работи повеќе за стихијна кражба, туку за организирана кражба, која се врши со комбиња, по што се собираат капаци од цела улица и потоа се препродаваат како старо железо преку граница.
– Ми се случува да се загледам на страна и кога ќе ја поминам шахтата гледам дека за неколку сантиметри не сум пропаднала во неа. А за навечер не сакам ни да мислам. Не знам дали капаците се многу скапи или властите имаат попаметна работа отколку да се занимаваат со шахти, вели изреволтирана жителка на Скопје.
Отворените шахти ја загрозуваат безбедноста на луѓето
Возилата имаат штети од дупките
Институциите да најдат трајно решение за дупките од шахтите
#Одговорност е шахти со капаци
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар