Охриѓани уште го чекаат новиот затворен пазар
Конечно, ќе го надминеме проблемот со несоодветните услови на градскиот пазар, кој не прилега на Охрид како туристички центар. Новоизградениот пазар ќе ги исполнува сите хигиенско-технички услови и ќе овозможува продажба на безбедни земјоделски производи и храна. (Средства: 50.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок 2013-2016)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески во изборната програма за локалните избори 2013-2017 година, вети изградба на нов современ и затворен зелен пазар во Охрид, реализацијата на ова ветување е во тек.
Овој проект, Бакрачески го најави уште во декември 2012 година, при неговата прва средба со новинарите како кандидат за градоначалник.
Притоа тој претстави некои активности како иден градоначалник, за кои нагласи дека се само дел од опсежна програма за развојот на Охрид, како што се субвенции за станоиздавачите во Охрид, со цел прилагодување на цените кај станоиздавачите и привлекување поголем број на туристи што понатака позитивно ќе се одрази и на угостителската дејност, потоа создавање услови за привлекување инвеститор кој ќе современ отвори серегионален трговски центар, почеток и реализација на проектот за модерно градско пристаниште, воведување ред во водениот сообраќај на езерото, изградба на затворен современ зелен пазар со исполнети соодветни хигиенско технички услови…
На 12.01.2014 година, градоначалникот Бакрачески информира дека потребната планска документација за изградба на пазарот веќе е завршена, а одобрена е и физибилити студијата за економската оправданост на проектот.
Очекуваме дека до крајот на месец јануари ќе се објави тендерот чија должина зависи од должината на изборниот циклус, со оглед на тоа што во согласност со препораките на антикорупциската комисија, во изборен циклус не може да се спроведуваат тендерски постапки, а ние тоа мора да го почитуваме, изјави градоначалникот.
На 14.04.2015 година, директорот на ЈП Градски пазар, Тони Коталески, најавил дека на тендер е избран приватен партнер, дека во тек е изработка на проектот за затворен пазар и наскоро се очекува да отпочне неговата изградба.
Во тек е изработката на Основниот проект, за конечно Охрид како туристички центар да добие затворен современ зелен пазар. Пазарот ќе се протега на 1230 метри квадратни, ќе биде целосно опремен со тезги, ќе има 200 метри квадратни деловни простории, исто така ќе добиеме и 10 паркинг места за потребите на ЈП, објаснува Коталески.
На 03.04.2016 година во некои медиуми е објавена информација дека во завршна фаза е одобрението за градба и дека изградбата на пазарот ќе започне во мај или јуни. Притоа, пренесена е изјава од градоначалникот Бакрачески.
Градоначалникот Бакрачески со оптимистички најави дека во месец мај или најдоцна до првата половина од месец јуни ќе отпочнат градежните работи за покриен зелен пазар, согласно потпишаниот договор и обврските кои произлегуваат од него.
Па, имајќи ги предвид сите овие информации, оценката за проектот: „Изградба на затворен современ зелен пазар на местото на досегашниот“, е „во тек“.
ИЗВОРИ:
- Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013-2017 година „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Охрид“ (стр. 36) [Пристапено: 31.05.2016]
- Максим (17.12.2012) Бакрачески: Ќе го направам Охрид модерен град [Пристапено: 31.05.2016]
- Охридњуз (12.01.2014) Со изградба на современ затворен пазар ќе почне реализацијата нa ветените големи проекти во Охрид [Пристапено: 31.05.2016]
- Охридњуз (14.04.2015) Во тек е изработка на проектот за затворен пазар, наскoро ќе започне и изградбата [Пристапено: 31.05.2016]
- Вечер (03.04.2016) Мај или јуни ќе почне да се гради пазарот во Охрид [Пристапено: 31.05.2016]
Оценето од: Ана Анастасовска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар