Ола Солстром, амбасадор на Шведска: Реформите се клучот за членство во ЕУ
Солстром кажа дека дезинформациските кампањи, кои се полни со фактички неточности и работи извадени од контекст, имаат за цел да ги поткопаат реформските напори и патот на земјата кон ЕУ
Шведскиот амбасадор во Северна Македонија, Ола Солстром, во интервју за Порталб.мк ја потврди позицијата на својата земја како европски шампион на проширувањето на Европската Унија, нагласувајќи ја нејзината целосна поддршка за евроинтеграцискиот пат на земјата.
Солстром изјави дека Шведска сака што поскоро да ја види Северна Македонија како полноправна членка на европското семејство. Во овој контекст тој го поздрави заедничкиот документ (нон-пејпер) на Франција и Германија како многу корисен и конструктивен придонес во дебатата, објаснувајќи дека овој чекор го покажува вистинскиот интерес на институциите и најголемите земји-членки на ЕУ да продолжат со овој процес што е можно повеќе.
Што се однесува до процесот на преговорите, амбасадорот даде јасна и цврста порака за Владата во Северна Македонија повторувајќи го својот повик за „реформи, реформи, реформи“.
„Pеформите не се еднократен процес, туку постојана посветеност да се остане конкурентен, релевантен и да се однесе земјата напред”, рече тој.
Според него, реформите во областа на борбата против корупцијата, доброто владеење, владеењето на правото, транспарентноста и одговорноста се од витално значење и ги сочинуваат главните или фундаментални поглавја кои се првите и последните што ќе се разгледаат во преговорите.
Амбасадорот повика овие реформи да се продолжат со полна брзина и да не останат само формално полнење на кутиите, бидејќи тие се она што луѓето навистина го сакаат и очекуваат во своето општество.
Друга точка од посебно значење што се третира во интервјуто е прашањето за дезинформативните кампањи што ги спроведуваат разни центри за зголемување на евроскептицизмот во земјата. Солстром го истакна фактот дека овие измамнички кампањи, полни со фактички неточности и работи надвор од контекст, имаат за цел да ги поткопаат реформските напори и патот на земјата кон ЕУ.
„Дезинформациите се користат како алатка од надворешни актери кои не ги имаат предвид најдобрите интереси на Северна Македонија и нејзините граѓани. Нивната цел е да го поткопаат процесот на реформи и патот на земјата кон Европската Унија. Ова е сериозна закана. Владата, според моите сознанија, е целосно свесна за овој феномен. Разговаравме за ова прашање со голем број институции и партнери во земјата и тоа продолжува да биде наш фокус”, рече тој.
Шведска препорачува еден пристап на целото општество, кој што бара зголемување на медиумската писменост, еден покритичен пристап од страна на поединците кон вестите што ги консумираат и употреба на технолошки алатки за филтрирање на дезинформациите, оценувајќи го ова како едно сериозно безбедносно прашање.
Амбасадорот се фокусираше на можностите и конкретната поддршка што оваа амбасада ја нуди на земјата, особено преку програмите кои имаат за цел јакнење на младите и економската соработка. Шведската амбасада менаџира амбициозна програма за развој која нуди експертиза, договори за збратимување во области како што се статистиката и полицијата, како и професионална обука за младите во соработка со големи шведски компании.
Шведска исто така отвора важни врати за економски развој со поттикнување на растот на бројот на шведски компании во земјата, како и со поканување на македонските претприемачи и компании да ги искористат можностите на шведскиот пазар од 10 милиони потрошувачи, кој служи како одлична врата кон целиот нордиски регион и пазарот на ЕУ.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар