Олдрин навистина слета на Месечината, а холивудската ѕвезда е поради големата гледаност на преносот во живо

Астронаутот Баз Олдрин фотографиран за време на активности на Аполо 11 на Месечината. Фото: NASA Neil A. Armstrong, Public domain, via Wikimedia Commons

Астронаутите кои стапнаа на Месечината не добија холивудска ѕвезда за стапнувањето на Месечината, туку поради нивниот придонес кон телевизиската индустрија. Ова беше најважниот пренос во живо на телевизија кога било во историјата и траеше 31 час! Толку многу луѓе го гледаа овој настан на телевизија, што улиците ширум САД беа празни, а така беше и насекаде во светот

Астронаутите кои стапнаа на Месечината не добија холивудска ѕвезда за стапнувањето на Месечината, туку поради нивниот придонес кон телевизиската индустрија. Ова беше најважниот пренос во живо на телевизија кога било во историјата и траеше 31 час! Толку многу луѓе го гледаа овој настан на телевизија, што улиците ширум САД беа празни, а така беше и насекаде во светот

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија и пишува:

Популарните актери си имет ѕвезда на ѕвездената патека во Холивуд.  Слика – Баз Олдрин, еден од тројцата астроНОТи кој заедно со Луј Армстронг “слета” на месечината. И то.

На фотографијата се наоѓа Баз Олдрин, еден од астронаутите коишто слетаа на Месечината. Во објавата се сугерира дека поради тоа што Олдрин има своја ѕвезда на ѕвездената патека во Холивуд, тоа значело дека станува збор за перформанс што е снимен во студио, своевиден „филм“ односно се сугерира дека слетувањето на Месечината било невистинито, што може да се види од тоа што зборот слета е во наводници.  Меѓутоа, ова не е точно и во објавата се пропушта контекстот.

Имено, астронаутот Баз Олдрин заедно со Нил Армстронг беа првите луѓе што чекореа на Месечината во мисијата „Аполо 11“ во 1969 година. Причината поради која тие имаат ѕвезди на холивудската ѕвездена патека, не е зашто се „актери“ туку затоа што „телевизискиот пренос од слетувањето на Месечината, беше најважниот единствен пренос во живо на телевизија досега!“

Тие го постигнаа она што никогаш претходно не беше постигнато. Армстронг рече: „Хјустон, Базата на спокојството тука. Орелот слета (Houston, Tranquilitybase here. The Eagle has landed)“. Неколку часа подоцна, како што стотици милиони телевизиски гледачи го гледаа телевизискиот пренос ширум планетата, Армстронг стапна на Месечината и ги кажа своите познати зборови: „Ова е еден мал чекор за човекот, но голем скок за човештвото“. Кога Олдрин се спушти од скалата, извика: „Прекрасна дестинација!“. Мајкл Колинс, пак, кој имаше важна задача на командниот модул на Колубија, којашто не му дозволи да ја напушти лунарната орбита и да им се придружи на Армстронг и Олдрин кои чекореа по Месечината. Американските граѓани доживеаа патриотско чувство кога американското знаме беше поставено на правливата површина на Месечината. Потоа тие прочитаа: „Овде луѓе од планетата Земја за првпат стапнаа на Месечината во јули 1969 година. Дојдовме овде за целото човештво“.

Астронаутите кои стапнаа на Месечината не добија холивудска ѕвезда за стапнувањето на Месечината, туку поради нивниот придонес кон телевизиската индустрија. Ова беше најважниот пренос во живо на телевизија кога било во историјата! Толку многу луѓе го гледаа овој настан на телевизија, што улиците ширум САД беа празни, а така беше и насекаде во светот. Ова е најдолгиот продолжен телевизиски пренос во живо во историјата, кој траеше 31 час!

Армстронг, Олдрин и Колинс не работеле во телевизиската индустрија, но тие постигнаа значаен придонес во телевизијата. На 20 јули 1969 година проценета бројка од 650 милиони луѓе го гледаа директниот пренос од човекот како стапнува на Месечината за првпат. Тогаш, тоа биле 18 проценти од светската популација!

Преносот од слетувањето на Месечината беше најважниот телевизиски пренос во живо, вели Ана Мартинез, продуцент на Холивудската патека на славните.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која се пропушта контекстот.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција