Оливер Спасовски


Warning: Use of undefined constant izjavi - assumed 'izjavi' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/portalb/webapps/vistinomer3/wp-content/themes/publisher-child/functions.php on line 665

На 31.05. 2017 година Оливер Спасовски е избран за министер за внатрешни работи во Владата на Република Македонија.

 

 ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Оливер Спасовски е роден на 21 октомври 1976 во Куманово. Оженет e со Катерина со која имаат две деца.

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно и средно училиште завршил во Куманово. Дипломирал на правниот факултет „Јустинијан I” при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во моментов е магистрант по управно право на правниот факултет „Јустинијан I” при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Зборува англиски и француски јазик.

 

КАРИЕРА

Во 2000 година работел како адвокатски приправник.

Од 2001 до 2005 година работи како советник на градоначалникот на Куманово.

Од 2006 до 2008 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија

Од 2008 до 2011 година работи како секретар на Општина Куманово.

Од 2011 до 2014 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија

Во овој пратенички мандат ( 2011 – 2014) е претседател на Парламентарната група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина и член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, Парламентарната група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, Парламентарната група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република и Парламентарната група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија.

Од 11 ноември 2015 до 18 мај 2016 година Спасовски ја извршуваше фунцкијата министер за внатрешни работи, во Владата која требаше да обезбеди услови за спроведување на фер и демократски избори.

На 2 септември 2016 година тој повторно беше избран за министер за внатрешни работи и оваа функција ја извршуваше до 28 декември 2016 година, кога Државната изборна комисија ги соопшти конечните резутлати од одржаните предвремени парламентарни избори 2016.

Од декември 2016 до 31.05.2017 – пратеник во Собранието на Република Македонија

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

 

 

Од 1999 година бил член на Претседателството на Општинската организација на СДСМ Куманово.

Во периодот од 2000 до 2003 година бил секретар на Општинската организација на СДСМ Куманово.

Во периодот од 2003 до 2004 година бил член на Претседателство на Централниот одбор на СДСМ.

Од 2005 до 2006 година бил организационен секретар на СДСМ.

Во 2013 година е избран за генерален секретар на СДСМ, на оваа партиска функција е до  мај 2017 година.

****Обновено на 01.06.2017 година

ИЗВОРИ

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на текстот е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција