Општина Аеродром повеќе од 11 години кираџија

Општина Аеродром за една деценија за кирија потрошила 720.000 евра. Новата општинска зграда само на хартија Фото: Принтскрин (Изборна програма на Ивица Конески)

 

Проект: Изградба на репрезентативна општинска зграда за потребите на општинската администрација

Опис на проектот: Изградбата на општинската зграда ќе биде на локација во Реонски центар на крстосницата меѓу населбата Јане Сандански и Ново Лисиче. Во соработка со Министерството за транспорт и врски ќе биде објавен оглас за доделување договор за воспоставување јавно-приватно партнерство за изградба на општинска зграда. (Рок: 2015 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

 „Изградба на репрезентативна општинска зграда за потребите на општинската администрација“, најави  градоначалникот на Аеродром  Ивица Коневски,  во неговата Изборна програма (2013-2017),  Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Аеродром!   (Комунални работи , стр. 37). Според изборните проекции на Коневски, проектот требаше да се реализира во 2015 година, но досега (20.10.2016) ова ветување  не е исполнето.

Општина Аеродром веќе 11 години (од незиното основање во 2005 година) е смесетна  во  објект под кирија и тоа,  во периодот од 2005 до март 2015 во зградата  на фирмата „Брилијант“ на улицата Венјамин Манџуковски,  а од април 2015 наваму седиштето на Општина Аеродром е на булевар Јане Сандански бр. 109А, во зградата на АД „Скопски пазар“, во близина на ТЦ „Капитол“.

Според Извештајот на Државниот завод за ревизија, објавен деновиве (19.10.2016), Општина Аеродром за една деценија само за кирија на општинската зграда потрошила 720.000 евра.

Наодите на ревизорот покажуваат дека  од основањето на Општината во 2005 година до  март 2015 година, Општина Аеродром  плаќала кирија  по 6000 евра месечно за  објектот на улицата Венјамин Манџуковски, а од април  2015 година Општината плаќа месечна кирија од 8000 евра за просториите во зградата на Булевар Јане Сандански бр. 109 А, каде и сега е сместена.

Произлегува дека за периодот од претходните 10 години, општината по основ на закупнина има потрошено средства во износ од приближно 720.000 евра, а и понатаму е без сопствен деловен објект во кој би работела општинската администрација, пишува во Извештајот на државниот ревизор.

Инаку,  постојниот проект за нова административна зграда за Општина Аеродром предвидува објект на три ката (со вкупна површина од 10.964 квадратни метри), кои ќе бидат користени само за потребите на општинската администрација.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.