Општина Гостивар доби три нови градинки

Фото: ФБ профил на градоначалникот Арбен Таравари

Ветување: Изградба на нови градинки во Општина Гостивар

Гостивар има потреба од минимум четири градинки,  две ќе бидат во Гостивар, а две во руралните средини.  Овие градинки ќе се изградат до септември.

[Извор:Tв дебата во локалните избори 2017 “Jeta në Maqedoni” ]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, пред локалните избори минатата година (октомври 2017 г.),   вети  дека до септември (2018) ќе бидат изградени четири градинки во Општина Гостивар,  две во градот, а две во руралните средини.  Ова изборно ветување на Таравари е  делумно исполнето, досега (09.10.2018) се изградени три градинки во селата: Форино, Равен и Чегране, додека оние во градот се најавуваат за наредната година.

На почетокот на октомви (2017), десет дена пред локалните избори,  учествувајќи во  дебата организирана од  „Порталб“, градоначалникот Таравари рече:

Гостивар има потреба од минимум четири градинки,  две ќе бидат во Гостивар, а две во руралните средини.  Овие градинки ќе се изградат до септември.

Информација дека ќе се градат градинки во селата Равен и Форино, беше објавена на 09.02.2018 година.

Општина Гостивар доби грант од 18 илјади евра за отворање на два центра за раниот развој на децата. Со нив ќе се отвори една паралелка за децата од 3 до 5 години во село Форино, а другата во село Равен. Според меморандумот за соработка, Општина Госривар е задолжена да партиципира со 10 илјади евра, средства неопходни за да се испополнат сите услови за овие паралелки да функционираат во рурални средини.

На 09.02.2018 од Општина Гостивар изјавија:

Од канцеларијата за локален економски напредок и имплементација на проекти во Општина Гостивар, информираат дека по спроведување на сите процедури, веднаш ќе се отпочне со реализација на градежните работи за центрите за раниот развој на децата во Форино и Равен да почнат да функционираат оваа година. Општина Гостивар се ангажира преку грантови и нејзини средства, да отвори повеќе вакви центри за едукација во кои ќе се згрижуваат и децата од подалечните рурални средини.

На 20 септември градоначалникот на Гостивар објави информација за нова градинка во село Чегране:

 Реализирано.Од денеска е подготвено да се стави во функција новата детска градинка во село Чегране.

На 27 септември градоначалникот на Гостивар во својот Фејсбук профил објави дека веќе има нова градинка во село Форино:

Уште една нова градинка, во село Форино, брзо ќе биде достапна за децата.

Таква информација, само за нова градинка во селото Равен, Таравари објави на својот Фејсбук профил и на 1 октомври:

Уште една нова детска градинка, во село Равен.

Градоначалникот на Гостивар, Таравари има објавено и повеќе фотографии за секоја градинка со нивниот нов изглед, каде може да се види и новата едукативна опрема.

Што се однесува до ветените градинки во градот Гостивар, според информацијата која „Вистиномер“ ја доби од Општина Гостивар, конкретно од Секторот за урбанизам, сообраќај, комунални дејности и заштита на животната средина, за изградбата на овие градинки веројатно ќе треба да се чека до следната година. Имено, проектот за изградба на нова градинка во градот е готов и Општината е во преговори со Министерството за труд и социјални ролитика, а градинката треба да се изгради наредната година.

Истата порака градоначалникот на Гостивар ја прати и преку социалните мрежи,  каде одговарајќи на прашањето  на една заинтересирана граѓанка, тој вети дека градинката ќе биде готова до пролет.

Исто така, според општинските извори,  Гостивар има потреба за уште една градинка со која би се задоволиле потребите на децата во градското подрачје, за која пак, ќе треба допрва да се преговара.

Имајќи го предвид  сето ова, може да се констатира дека изборното ветување на градоначалникот на Таравари, за изградба на четири градинки во Општина Гостивар, две во градот и две во рурланите средини , досега (09.10.2018) е само делумно исполнето.

 

за целосна реализација на ветувањето на Градоначалникот Таравари, ќе треба да се чека до изградбата на новите градинки во градот, затоа ова ветување на Таравари ја сметаме како.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција